Насловна / Вести / Унгарците ја прошируваат нуклеарната централа со уште два руски реактори

Унгарците ја прошируваат нуклеарната централа со уште два руски реактори

Унгарија  поднесе документи пред  државната агенција за атомска енергија, во врска со проширувањето на својата единствена нуклеарка. Како што е соопштено од владата, се бара начин да се забрза првата фаза на изградбата. Унгарија планира да го удвои инсталираниот капацитет на својата нуклеарна централа „Пакш“, со вградување на дополнителни ВВЕР реактори од руско производство. Сегашниот капацитет на оваа централа е 2 GW. Овој проект без тендер е доделен во 2014 година на рускиот државен нуклеарен гигант „Росатом“, што се доведува во врска со многу блиските релации помеѓу унгарскиот премиер Орбан и рускиот претседател Путин.

Официјална Будимпешта побарала и добила  одобрение од ЕУ за забрзување на процесот, со што ќе се овозможи започнување на изградбата на дополнителни постројки веќе во јануари 2021 година.

paks1

paks2

paks3

Испрати коментар

Scroll To Top