Насловна / Вести / Турција тестира електричен воз од домашно производство

Турција тестира електричен воз од домашно производство

Министерот за индустрија и технологија на Турција, најави дека започнало фабричкото тестирање на електричниот воз од домашно производство. До крајот на годината возот би требало да биде ставен во употреба. Во фабрииката “Тувасас“ во Сакарија започнало тестирањето на вагоните и композициите на првиот турски електричен воз кој е проектиран и произведен со домашни ресурси. На означувањето на почетокот на тестирањето присуствувале министерот за транспорт и инфраструктура и министерот за индустрија и технологија. Најавувајќи дополнителни вложувања во железницата, надлежните министри истакнале дека Турција сака да ги задоволи сопствените потреби од сопствени ресурси, но и да влезе во редот на респектабилни актери на глобалнот пазар. Притоа, споменати се и успесите на националната воена  индустрија, преку последниот пример на производство на беспилотни летала.

train1

train2

train3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top