Насловна / Архитектура / Станбена зграда која содржи ДНК на сите станари

Станбена зграда која содржи ДНК на сите станари

Во срцето на градскиот округ Кејп Таун, опкружена со викторијански згради, избувна футуристичка станбена зграда од 4.444 метри квадратни.

dnk
Архитектонската амбиција на фирмата Robert Silke & Partners се обиде да создаде нешто футуристичко и имагинативно, но со почитување на контекстот на околината. Дизајнот на новата зграда наречена Tuynhuys е разиграна, оптимистичка и скулпторска и како што истакнуваат архитектите, истата содржи ДНК на сите станари, иако не се вклопува на конвенционален начин во неговата околина.

dnk1
Единаесет-катната станбена зграда содржи 47 станови од 24 до 80 метри квадратни, колку што има двособен Пентхаус.
Зградата, која има само тринаесет метри уличен фронт и се наоѓа во густо градско опкружување, морала да се бори за своите погледи. Разиграната форма на основата, а потоа и фасадата, обезбедиле отворање на прекрасни погледи на околината.

dnk2
Од друга страна, становите кои немаат можност да уживаат во поширокиот поглед, имаат интересни закривени прозорци.
Применетата заоблена форма се одразила и на ентериерот, создавајќи интересна основа за понатамошно украсување на становите. Покрај тоа што прозорците се заоблени, тркалезни линии имаат и осветлувањето, мебелот…

dnk3
По отворањето, зградата привлече големо внимание како од жителите, така и од градските фотографи, па дури и уметниците на чии слики се најде зградата.
Зградата предизвика реакција од јавноста, што е добар знак дека ќе биде запаметена.

dnk4

dnk5

dnk7

dnk6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top