Насловна / Арт и дизајн / Украина сака Чернобил да се најде на листата на светско наследство на УНЕСКО

Украина сака Чернобил да се најде на листата на светско наследство на УНЕСКО

Украинците бараат местото на најтешката нуклеарна катастрофа во светот, градот Чернобил, да биде запишано на списокот на светско наследство на УНЕСКО, како зона која одамна е позната светска одредница и место.

Cernobil

Експлозијата во четвртиот реактор на нуклеарната централа, што се случи во април 1986 година во градот Чернобил, остави силно загадени делови на Украина и соседна Белорусија и доведе до создавање зона за исклучување приближно со големината на помала европска земја.

Денес, флората и фауната го зазема напуштениот град и сите згради од времето на Советскиот Сојуз и се спротивставува на зрачењето повеќе од три децении. Сето ова може да се промени, доколку биде прифатена иницијативата на Владата на Украина таа област да се најде на списокот на Светско наследство на УНЕСКО.

Cernobil1

Украинските власти истакнуваат дека целата област можеби не е можна за човечки живот во наредните 24 илјади години, но можно е да се искористи неговиот туристички потенцијал, со ограничено задржување на времето и контролирано движење на посетителите со стручен персонал, пишува TUmagazin.

Доколку оваа иницијатива биде прифатена, Чернобил би можел да биде промовиран како место за сеќавање, односно како предупредување и потсетување дека нуклеарната катастрофа повеќе не треба да се повтори.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top