Насловна / Вести / Грета Тунберг наполни 18 години и продолжува да биде глас за климатските промени

Грета Тунберг наполни 18 години и продолжува да биде глас за климатските промени

Грета Тунберг, една од најпознатите тинејџерки на светот, на почетокот на годинава наполни 18 години и продолжува да инспирира милиони ширум светот во борбата против климатските промени. Тунберг се здоби со меѓународно внимание откако сама започна училишен протест пред шведскиот парламент во 2018 година. Овој потег за кратко време предизвика реакција ширум светот во вид на серија организирани протести на младите под името Fridays for future.„Секои избори се климатски избори“, често истакнува Грета. Минатата година поради корона кризата беа одржани мал број протести, па Грета и останатите активисти се ограничија на online дејствување. Од 2018 година, две години по ред Тунберг е номинирана за Нобелова награда за мир, има добиено неколку други признанија, а имаше и обраќања на значајни конференции и глобални самити. Но, беше мета и на многу злобни коментари на социјалните мрежи, па дури и закани.

SWEDEN-CLIMATE-STRIKE-GRETA

greta2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top