Насловна / Вести / Училиште во Долно Лисиче почна да се затоплува на био гориво

Училиште во Долно Лисиче почна да се затоплува на био гориво

Подрачното основното училиште „Гоце Делчев“ од Долно Лисиче почна да ги затоплува просторите преку котел на пелети. Досегашното греење на нафта сега е заменето со био гориво. Котелот за пелети е помош од Општина Аеродром. Градоначалникот Златко Марин вели дека ова е прво училиште во Општината што се затоплува со пелети, а вакви котли најави дека следната година ќе добијат и централното „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, како и „Александар Македонски“. На месечно ниво училиштето во Долно Лисиче трошоците ќе ги намали од 61 илјада денари што ги трошеле за нафта на сегашните 35 илјади денари за пелети.

47452967_778330972505429_6814568753066409984_n

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули вели дека со ваквите промени што се прават во училиштата се придонесува кон намалување на загадувањето и спроведување на „План за чист воздух“. “Со воведувањето на био горивото штедиме финансиски средства  и ја чуваме животната средина. Фрапантна е бројката колку нафта се троши за затоплување на една градинка или училиште.Ова е едно планско решение за намалување на загадувањето“, вели Макрадули кој нагласи дека како Влада не бегаат од бројките што ги покажуваат мерните станици најавувајќи дека во 2019 година сите инструментите на мерните станици што не работата ќе бидат заменети.

47680733_2178974099018295_3268931855600058368_n

Бенефитот од употребата на био горивото во „Гоце Делчев“  најмногу ќе го почувствуваат учениците, кои освен што ќе учат во потопли простории сега ќе дишат и почист воздух.

47400398_289407621687675_2606336208485220352_n

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top