Насловна / Арт и дизајн / Националната галерија го прослави 70-от роденден

Националната галерија го прослави 70-от роденден

Со свечена академија и изложба на дела и архивски материјали Националната галерија на Македонија го прослави 70-от роденден. Основањето на националната галерија е историски чин, 70 години искрена желба да се прикаже најдоброто од Македонија.

IMG_20181205_214853

Националната галерија на Македонија е еден универзален храм на репрезентативното богато творештво кое оставило трајно сведоштво за ликовната уметност на овие простори и пошироко, почнувајќи од 12 до 21 век, од средновековието преку основоположничката генерација на современото македонско сликарство, до најсовремените текови во сите ликовни дисциплини. Ова го истакна директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими на одбележувањето 70 години од постоењето на оваа установа, што се одржа во Даут пашин амам. Таа посочи дека уште од почетоците Гелеријата како свој доминантен изложбен простор го одредува Даут пашин амам, споменик на културата од профаната исламска архитектура од втората полоцина на 15 век, а потоа и вториот објект при Националната галерија – Чифте амам во Старата турска чаршија, објекти кои се заштитени од државата како споменици на културата од национален интерес.

IMG_20181205_213921

IMG_20181205_214224

IMG_20181205_214601

IMG_20181205_214627

IMG_20181205_214824

IMG_20181205_213504

Испрати коментар

Scroll To Top