Насловна / Архитектура / Кули во форма на едра, ново обележје на Москва

Кули во форма на едра, ново обележје на Москва

„Кула Федерација“ е комплекс кој се сотои од два облакодера – 63 катна кула „Запад“ и 97 катна кула “Исток“. Лоциран е во рамките на Меѓународниот деловен центар во Москва на парцелата 13. Двете кули стојат на иста основа која има мешовита намена, и претставуваат најпрепознатливо обележје на хоризонтот во руската метропола, со впечатлива силуета во облик на две стаклени едра свртени едно кон друго. Комплексот е висок 347 метри, и во 2017 година Council on Tall Buildings and Urban Habitat – CTBU, го има препознаено како највисок облакодер во Eвропа. Проектот е базиран врз концептот на вертикален град, кој за прв пат е реализиран во историјата на модерна Русија. секоја од кулите комбинира канцелариски и станбен простор, но и други содржини. Основата на комплексот е составена од масивна бетонска плоча. Двете згради се потпираат на бетонско јадро чии ѕидови имаат дебелина од 1,4 метри во основата, како и на 25 периметрални столбови кои се протегаат од темелите до горните катови.

На секои 25-30 ката постојат настрешници од челик со висока затегачка јакост. Фасадите се застаклени со помош на најсовремени системи на застаклување кои овозможуваат оптимални услови на комфор во објектот со минмална потрошувачка на енергија. Се работи за прва примена на оваа технологија на застаклување на светско ниво.

FT1

ft2

FT3

ft4

Испрати коментар

Scroll To Top