Насловна / Вести / Тродимензионална мапа-поглед во иднината на градовите

Тродимензионална мапа-поглед во иднината на градовите

Замислете детална тродимензионална мапа на градот на која ќе може да се следи секој жител од мобилен телефон. Ова е тешко да се направи заради безбедносните мерки кои се поврзани со следењето на граѓаните. Но, можно е да се направи во Сингапур.

Виртуелен Сингапур е детална мапа со неверојатно многу податоци, од тоа колку квадратни метри има во една зграда, до тоа колкава светлина пропушта некој прозорец во текот на денот.

Тродимензионалната мапа е дел од градскиот план насловен како „Паметна нација“ и е дело на француската компанија Дасо систем. Целта на проектот е да мапата опфати што е можно повеќе податоци.

Singapur

“Кога гледате дигитални прикази со дводимензионални податоци, градовите изгледаат како рамни површини. Значи имате различни видови основни информации кои не се поврзани. Податоците, било да станува збор за географски, просторни или статистички тие треба да се поврзани во еден модел“, објаснуваат од компанијата Дасо систем.

Властите на Сингапур велат дека со помош на мапата можат да видат во кој дел од градот постои опасност од поплава после обилни врнежи или, пак, да утврдат како во одредени делови да го подобрат ладењето за време на високите температури.

Меѓутоа, следењето на луѓето без нивно одобрување претставува голем проблем кога е во прашање безбедноста и нарушување на приватноста, а сето тоа градскиот тим сериозно го зема во предвид. Градските власти велат дека ги имаат преземно сите мерки кои ја гарантираат приватноста. Авторите на мапата се надеваат дека достапните податоци ќе им помогнат во иднина да го планираат Сингапур како безбеден и пријателски град.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top