Насловна / Вести / „Тесла“ го претстави електричниот Cybersquad за деца

„Тесла“ го претстави електричниот Cybersquad за деца

Компанијата „Тесла“ го одложи лансирањето на моделот Cybertruck за 2022 година, но претходно најавуваниот Cyberquad стигна согласно планот, иако во малку поинаков облик од првичниот концепт.  Прв пат е прикажан на премиерата на коцептот на Cybertruck во 2019 година. Cyberquad е електричен ATV дизајниран да може да биде сместен во товарниот дел на споменатиот електричен камионет. Иако Cybertruck доцни во однос на планот, тоа не го спречи „Тесла“ и американската компанија која се занимава со продажба на изграчки, Radio Flyer, да им го понуди Cyberquad на купувачите, по цена од 1.900 американски долари.

cybersquad1

cybersquad2

Возилото има челична конструкција, а дизајнот е инспириран од моделот Cybertruck. Електромоторот се напојува од литиум-јонска батерија од 36 V, која обезбедува автономија до 24 km. Тоа е прилично голем радиус за една детска играчка, а од „Тесла“ истакнуваат дека батеријата може целосно да се наполни во рок од 5 часа користејќи куќна приклучница. Кога станува збор за перформансите, во зависност од конфигурацијата на возилото, максималната брзина изнесува 8 km/h или 16 km/h. Cyberquad е дизајниран за деца од најмалку 8 години, со тежина до 68kg. Со оглед на лансирањето на производот во пресрет на Божиќ, првиот контингент е веќе распродаден.

cybersquad3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top