Насловна / Архитектура / Дрворед во продавница на Apple

Дрворед во продавница на Apple

Долгогодишната соработка меѓу Apple и Foster + Partners продолжи со отворање на нова продавница во трговскиот центар „The Grove“ во Лос Анџелес. Клиентите влегуваат низ огромна стаклена врата во малопродажниот простор каде што има дрворед, а на таванот има огледала.

drvja

Тимот проектанти дале значаен придонес и расположливиот простор е двојно зголемен. Правоаголната зграда е застаклена од сите страни, а главниот влез се состои од две лизгачки врати кои се отворени во поголемиот дел од годината поради природната вентилација на просторот. Прозорците овозможуваат повеќе дневна светлина, намалувајќи ја употребата на вештачко осветлување.

Дрвјата пред продавницата продолжуваат внатре, каде што има 16 дрвја. Таванот покриен со огледала не е нова идеја, но е многу впечатлив.

Првичната идеја била да се создаде најудобна и најстимулативна средина за секого, со носење дрвја во пространа продавница исполнета со светлина, со цел да се доживеат неверојатните производи на Apple.

drvja1

Комбинација на посебна светлина, дрвја, духот на филмската и забавната индустрија и уметноста на илузијата, сето тоа во пространа продавница, нагласена со таван со огледало. Начинот на живот на отворено е комбиниран со креативност и иновативен дух кој е суштината.

Внатрешноста на продавницата е слична на другите, производите се на едноставни дрвени маси и полици, во делот за седење и поддршка на клиентите.

Има и таканаречен форум, каде се одржуваат креативни работилници, со два споредни влеза.

Ова е најновото од десетиците продавници создадени за време на долгогодишната архитектонска соработка меѓу Apple и Foster + Partners.

drvja2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top