Насловна / Вести / Технологијата против урбаните топлински острови

Технологијата против урбаните топлински острови

Соочени со последиците од климатските промени, односно се почестата појава на топлинските бранови, градовите ширум светот забрзано бараат решенија за проблемот со т.н „урбани топлински острови“. Со цел да се влијае на рефлектирање на сончевата енергија од бетонските површини, веќе е позната практиката на фарбање со бела боја, но компанијата GAF, нуди иновативно решение под името Streetbond Pavement Coating, односно посебен премаз за нанесување на површините. Проектот GAF Cool Community е посветен на намалување на ефектот на топлинските острови во урбаните средини, преку фарбање на површините кои интензивно апсорбираат топлина, како што се асфалтираните патишта. Интересно е дека GAF користи технологија под името Invisible Shade, која е препознаена од страна на часописот TIME, како еден од најдобрите изуми на 2022 година. Оваа технологија овозможува намалување на температурите на површините, а премазите се достапни во различни бои и нијанси.

XBD201207-00452-05.TIF

Според податоците кои ги објавила компанијата GAF, само во САД постои речиси 6,5  милиони километри долга патна мрежа и огромна површина на покривни конструкции на објектите, кои се главните апсорбери на топлина. Во склоп на својот Cool Community проект, GAF спровел низа истражувања кои покажале солидни резултати. На пример, примената на нивните премази во одредени делови на Лос Анџелес довела до намалување на температурите на воздухот за неколку степени, што може да има значително влијание врз квалитетот на живот на граѓаните.

streetbond3

Испрати коментар

Scroll To Top