Насловна / Вести / Светот без напредок во остварувањето на целите за одржлив развој во изминатите две години

Светот без напредок во остварувањето на целите за одржлив развој во изминатите две години

Агендата за одржлив развој за 2030 година, која во 2015 година ја усвоија сите држави членки на Обединетите Нации (ОН), е заеднички план за мир и прсперитет на луѓето и на Планетата. Во основата се 17 цели за одржлив развој (Sustainable Development Goals – SDG), итен повик на акција на сите земји од светот во глобално партнерство, истакнуваат од ОН. Науката, технологијата, иновациите и системите за собирање на податоци и нивно управување, можат да бидат одлучувачки во решавањето на главните предизвици на нашето време, се вели во извештајот на ОН за остварениот напредок во однос на SDG.

sdg1

Целите нa одржливиот развој се во основа план за инвестирање во инфраструктурата, вклучувајќи ги обновливите извори на енергија и дигиталните технолохии, како и во човековиот капитал, вклучувајќи го образованитео и здравствената заштита, се истакнува во документот. Сепак, авторите напоменуваат дека најсиромашната половина од светот нема приспат до пазарите на капитал под прифатливи услови. Индексот на SDG е проценка на вкупниот учинок на секоја земја во исполнувањето на 17-те глобални SDG. Тој бележи благо намалување втора година по ред, првенствено поради слабите резултати во искоренување на сиромаштијата (SDG 1), достоинствената работа и економскиот раст (SDG 8), како и поради недоволните резултати во областа на климата, биодиверзитетот и одржливиот урбан развој (SDG 11-15).

sdg2

На врвот според индексот на SDG за оваа година се наоѓа Финска, а следуваат уште три нордиски земји: Данска, Шведска и Норвешка. Речиси сите први 25 места ги држи Европа, со исклучок на 19-тата позиција на која е Јапонија. Слобвенија е 15-та, Хрватска на 23-то, Србија ан 35-то, Македонија на 57-мо, Босна и Херцеговина на 59-то, а Црна Гора на 86-то место и е најниско рангираната европска држава.

sdg3

Според седмата цел на одржливиот развој (SDG 7), а тоа е енергетиката, замислата е сите да имаат достапно, сигурно, одржливо и модерно снабдување со енергија. Според податоците од 2017 година, дури 789 милиони луѓе немале пристап до електрична енергија. Во 2022 година, Хрватска и Албанија се оценети дека добро напредуваат кон остварување на целите за 2030 година, Словенија, БиХ, Црна Гора, Бугарија, Грција, Кипар и Турција бележат „благ напредок“, а за жал Македонија и Србија бележат стагнација во доменот на одржлив развој на енергетиката односно SDG 7.

Испрати коментар

Scroll To Top