Насловна / Вести / Стометарски колос: NASA ја претстави ракетата со која ќе тргне во ново освојување на Месечината

Стометарски колос: NASA ја претстави ракетата со која ќе тргне во ново освојување на Месечината

Додека Илон Мак с еподготвува за пат нa Марс, плановите на NASA се малку поскромни. Американската вселенска агенција се подготвува за мисијата и испраќање на човечки екипаж на Месечината, што се очекува во 2025 година, а првиот чекор во таа мисија е лансирањето на ракетата од новата генерација наречена Space Launch System, чиј дел е и посебната капсула за астронаутите Orion.

sls1

sls2

NASA за прв пат во Kennedy Space Center ја прикажа целосно составената ракета, и станува збор за џин со височина од околу 100 метри. Тоа е најмоќната ракета на NASA досега, која наскоро треба да се упати во вселената на патување долго 26 дена, во склоп на кое ќе кружи и околу Месечината. Претходно потребно е да се направат бројни тестирања, па ако сите тестови се покажат успешни, и ако не се случат некои други непредвидени работи, веќе ова лето ќе се реализира летот без екипаж.

sls3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top