Насловна / Вести / Statkraft почнува со изградба на пловечка фотоволтаична електрана во Албанија

Statkraft почнува со изградба на пловечка фотоволтаична електрана во Албанија

„Првата од четирите платформи со соларни панели со дијаметар од 70 метри, се планира да биде завршена до крајот на декември“ објави компанијата Statkraft пред почетокот на инсталирањето на првата фотоволтаична електрана во Албанија. На овој проект компанијата работи заедно со друг партнер од норвешка – Ocean Sun. Ocean Sun испорачува пловечки систем од 500kW за првата фаза од оваа соларна постројка, лоцирана во близина на хидроцентрала во Албанија, која е сопственост на Statkraft, односно во акумулационото езеро на оваа хидроцентрала. Преостанатите 3 платформи ќе бидат инсталирани следната година. Станува збор за пилот проект кој е подготвуван долго време, а двете норвешки компании со вложувањето се обидуваат да стекнат предност на пазарот, со помош на техничкото решение за оваа технологија во развој. Вкупниот инсталиран капаците на оваа постројка е 2 MW, а ќе зафаќа површина од хектар и половина. Вредноста на инвестицијата е два милиони евра. „Овој проект е прва поголема инсталација од ваков тип на југот на Европа, и претставува важна етапа во нашите напори да дојдеме до чиста и ефтина енергија од пловечките соларни електрани на светско ниво“ велат од Statkraft.

statkraft1

Спојувањето на фотоволтаичниот капацитет со хидроцентралите на една локација е привлечно за инвеститорите, бидејќи постоечките хидроцентрали се веќе поврзани со мрежата, па нема дополнителни трошоци за тој вид инфраструктура. Покрај тоа сушните периоди со послаби хидролошки прилики се пропратени со интензивно соларно зрачење, па на некаков начин овие два концепта се комплементарни. (се разбира разликата во инсталираниот капацитет е драстична). Државната енергетска компанија KESH планира ваков систем и на северот од земјата со инсталиран капацитет од 12,9 MW.

statkraft2

statkraft3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top