Насловна / Вести / Стартува инсталирањето на најголемите ветерни турбини во светот

Стартува инсталирањето на најголемите ветерни турбини во светот

Од пристаништето во Ротердам, вчера тргна бродот со првата серија од најголемите ветерни турбини на светот, под комерцијалното име Siemens Gamesa 11 MW, кои ќе бидат инсталирани на полето Kust Zuid со вкупна инсталирана моќност од 1,5 GW во холандскиот дел на Северното море. Тој проект означува неколку пресвртници за offshore ветерните електрани. Станува збор за прва ветерна турбина која се инсталира на offshore ветерна електрана без субвенции, бидејќи Vattenfall го гради ветерниот парк Hollandse Kust Zuid без финансиска помош од холандската влада.

gamesa1

gamesa2

Покрај тоа, овие  Siemens Gamesа 11 MW ветерни турбини ќе бидат најголеми и најмоќни комерцијални ветерни турбини кои треба да се инсталираат на било која ветерна електрана во светот. Ветерните турбини имаат дијаметар на роторот од 200 метри и вкупна височина од нивото на морето до врвот на лопатката од 225 метри. Исто така, со ова се означува почеток на фазата на инсталирање на турбините на она што од 2023 година ќе стане „најголемата оперативна offshore ветерна електрана во светот“. Овој ветерен парк е лоциран на околу 20 km од холандскиот брег, а се простира на 236 квадратни километри, на кои ќе бидат инсталирани вкупно 140 турбини. Сопственици на ветерната електрана се Vattenfal, BASF и Allianz.

gamesa3

gamesa4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top