Насловна / Вести / Становите на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор најевтини и најквалитетни

Становите на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор најевтини и најквалитетни

zgrada1
– Кај нас цената на становите е реална, се утврдува преку електронска аукција во која граѓаните се наддаваат и таа се формира зависно побарувачката на пазарот. Се разбира дека никогаш не би граделе доколку нема одреден профит, но  државното земјиште што го добива за изградба на комерцијални станови АД го плаќа по пазарна цена. Слободно можам да кажам дека дека становите што ги гради АД се меѓу најквалитетни, изградени според сите пропишани нормативи, а истовремено со најконкуренти цени, истакна денес во Охрид директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија Цветко Грозданов.

Според него, продажбата на комерцијални станови како втора дејност на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија покрај остварување одреден профит, има за цел да врши контрола на пазарот на станови во земјата. Грозданов нагласи дека државната агенција ја има функцијата на барометар на пазарот, односно баланс на цените на пазарот, со тоа што нема да се дозволи приватните субјекти вештачки да ги зголемуваат цените на станбениот простор и на тој начин да остваруваат енормно големи заработувачки.(МИА)

 

Испрати коментар

Scroll To Top