Град Скопје ќе му додели 50 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за покривање на трошоците настанати поради бесплатниот превоз на пензионираните граѓани. Со превозот на оваа категорија патници се намалува дневниот промет и продажбата на месечните билети, велат од Град Скопје.
Средствата за оваа намена се издвојуваат од градскиот буџет, а се предвидуваат секоја буџетска година поради финансискиот недостаток со кој се соочува ЈСП откако оваа поволност им беше обезбедена на пензионерите. Износот од 50 милиони денари треба да му биде доделен на ЈСП откако советниците на Град Скопје ќе ја изгласаат оваа одлука на следната седница на Советот.
Бесплатниот превоз за пензионираните граѓани, на возраст над 62 години за жените и над 64 години за мажите, е воведен на почетокот од 2010 година, а властите тоа го оправдаа со нискиот економски стандард на оваа категорија граѓани. Поволноста најпрвин важеше за еден ден во неделата, потоа за два дена, а на крај за три меѓу кои и сабота.
Ova vladata sto go pravi za penzionerite ic ne e vo red nameso na penzioneri da im se dade besplaten prevoz koj nepotrebno go koristat samo da se vozat bespari ima na nekoi koi im treba stvarno i koi od potreba go koristat gradskiot prevoz toa se studentite i za niv treba da se vovede besplaten prevoz a ne za penzioneri
Владата со воведување на бесплатниот превоз за постари лица 62/64 во градскиот сообраќај е за поздравување, но се направи реален проблем со тајмингот на користење на превозот. Бидејќи тие денови кога е дозволен бесплатниот превоз на лицата постари од 62/64 се направи невидена гужва и нервозни патници. Решението е многу едноставно, наместо бесплатен превоз во однапред одредени денови, би се давале бесплатни билети и тоа само 30 кои се сосема доволни за еден месец а а би ги користеле кога ќе имаат потреба во тековниот месец. Со сигурност ви тврдам дека ќе се избегнат несаканите турканици и нервози, а постарите лица 62/64 би имале поголема слобода во користење на бесплатниот превоз, а ќе се има и увид во тоа колку луѓе ја искористиле таа привилегија, толку пари би им се исплатило на давателите на услугата. Истот модел може да се примени и со жичаринцата на Водно,бидејќи и таму е присутен истиот проблем.
П.С. Убаво би било кога ваков модел би се применил и за една заборавена и најбедна категорија на луѓе во Македонија, поточно за “луѓе“ кои останале без работа и без основна животна егзистенција, но не по своја вина, биле прогласени за технолпшки вишок и стечајци ама ние сме само 7.000. на број а тој број како гласачко тело е незначајно и нормално дека за нас нема никаква помош, за разлика од пензионерите кои се 285 000.а за нив владата се ќе даде.