Насловна / Вести / Изградбата на новите автопатишта ќе почне во првиот квартал 2014

Изградбата на новите автопатишта ќе почне во првиот квартал 2014

avtopatot-600x338
Во првиот квартал следната година се очекува да бидат поставени камен темелници за изградба на новите автопатски делници Миладиновци – Штип и Кичево Охрид, информира денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Во тек се подготвителни активности и се работи на  експропријација на земјиштето, кое добива на вредност поради изградбата на автопатот.

- Засега нема  проблеми при експропријацијата, бидејќи  со самата градба на патиштата вредноста на земјиштето што е покрај автопатот расте, наведе Георгиевски на прес-конференција на која даде отчет за реализираните активности во тек на годината што изминува.

avtopat obikolnica sk
Од наплата на патарина годинава Јавното претпријатие за државни патишта собрало 1.315.000.000 денари, што претставува зголемување во однос на 2012 и 2011, кога по тој основ се наплатени 1.152.000.000, односно 1.053.000.000 денари.

Во завршна фаза, наведе Георгиевски, се преговорите со заинтересираните субјекти за осовременување на патарините со воведување нов систем. Веќе е усвоен изгледот на идните патарини и е проследен до сите апликанти што се јавија на тендерот, којшто се одвива во две фази.

Според него, веќе се реализирани 36 проценти од предвидените активности за изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, во должина од 28 километри, проект во вредност од 210 милиони евра. Се работи на пробивање на два тунела. На првиот тунел се пробиени 27 проценти, а на вториот 22,8 проценти. Пробиени над 90 проценти од земјените работи и веќе е почнато и асфалтирање.  (МИА)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top