Насловна / Вести / СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА ТЕБЕ!

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА ТЕБЕ!

Можеби звучи парадоксално но медиумската кампања ја направи традиционалната роденденска песничка „Среќен роденден на тебе!“ (Happy Birthday to You!) своевиден симбол на борбата против корона вирусот во Велика Британија. Должината на песничката соодветствува на препорачаниот период за миење на рацете од 20 секунди.  Додека дечињата во градинките и училиштата ги мијат своите рачиња пеејќи ја роденденската песна, земјата се наоѓа во прегратките на најголемата мирнодопска криза во своја понова историја.

corona3

Согледувајќи ја состојбата на 20-ти март, Светот излезе недоволно подготвен за да се спротивстави дури и на најмалиот можен непријател, невидливиот, корона вирус Ковид 19.  До колку ова можби и не е изненадување кога станува збор за помалку развиените земји во светот, веројатно големо изненадување е дека дури и најразвиените земји се соочуваат со огромни предизвици во рамките на оваа пандемија.  Севкупната ситуација е исклучително комплексна и сериозна, а особено кога ќе се земе во предвид дека во прашање се животите на граѓаните, како и дека Италија, една од најразвиените земји во светот, по бројот на жртвите веќе ја надмина Кина.  Скоро истовремено, во Кина фокусот од оние чие што заразување било од локално потекло е пренасочен кон оние што се заразиле во странство пред враќањето во земјата.

Владата на Велика Британија се одлучи да се спротивстави на невидливиот непријател со план во четири фази: ограничување, пролонгирање и ублажување во комбинација со фазата на истражување која се одвива паралелно со сите три фази. Во рамките на првата фаза на ограничување на ширењето на заразата определбата е да се попречи воспоставувањето на епидемијата колку е можно подолго и тоа преку утврдување и изолирање на првите случаи и лицата коишто биле во контакт со нив, како и на воспоствавување на тим на експерти, и обезбдеување на клучните лекови.  За жал битката во оваа фаза релативно бргу беше загубена. Се претпоставува дека еден ден поточно ќе се утврдат причините за ова, но во медиумите се споменуваат дел од можните причини како ограничената здравствена контрола на патниците коишто доаѓаат од жариштата на пандемијата, веројатно ограничените можности и ресурси на властите да ги идентификуваат, следат и изолираат сите потенцијално заразни и нивните најблиски контакти, како и тоа дека на време не биле имплемнтирани мерките за поширока изолација на населението.

corona1

Во моментов земјата официјално се наоѓа во втората фаза на пролонгирање на ширењето на вирсот преку барање на луѓето со основните симптоми на болеста (покачена температура над 37.8°С и нова сува кашлица) да се само-изолираат, да се ограничат големите собири, да се подтикне работењето од дома и да се затворат училиштата.  За разлика од само-изолацијата која веќе беше препорачана и во првата фаза, но тогаш само за оние што неодамна дошле од или поминале низ кризните жаришта, примената на преостанатите три мерки почнаа да се советуваат дури во изминатите неколку дена, а училиштата ќе се затвараат дури од почетокот на идната недела но и тогаш не целосно.  Определбата е барем дел од училиштата да останат отворени за во нив да можат да се згрижат децата на клучните работници како на пример лекари, медицински сестри, болничари, негуватели, социјални работници, возачи на камиони и слични профили за да се очува континуитетот во нивното работење од една страна, а од друга страна грижата на децата да не се префрли на најповредливата категорија на граѓаните постарите лица како што се бабите и дедовците или пак повредливи лица со хронични здравствени проблеми.  Во моментов за овие две најповредливи категории се препорачува социјално да се дистанцираат и да се само-изолираат на период од 12 недели.  Дополнително за децата од економски загрозените семејства јадењето на училиште честопати претставува единствен извор на сооветна исхрана во текот на денот. За оваа категорија на ученици затворањето на училиштата ќе резултира со дополнителни егзистенцијални проблеми како за нив, така и за домаќинството.

Во третата фаза за ублажување на последиците на пандемијата фокусот на вниманието ќе се насочи кон тоа да се обезеди лекување на најлошите случаи и намали најмногу што може влијанието врз општеството.

corona2

Според Владата тие во својата борба против пандемијата се водат врз основа на советите од експертите на научната и медицинската заедница, како што се советниците на Владата за наука и за здравје, а сите пак кои што во своите одлуки се водат според математичкиот модел за очекуваниот тек на епидемијата изработен од страна на Империјал Колеџ Лондон, а коишто континуирано се ажурира врз основа на најновите податоци и сознанија.  Ваквиот пристап честопати е подложен на остри критики дури и од страна на лица коишто биле на слични советнички позиции во минатото, на експерти на Светската здравстена организација и други.  Во овој контекст веројатно лесно можат да се согледаат и аргментите на двете страни но уште повеќе и веројатните причини за ваквиот пристап.  Едноставно речено, излегда дека земјата не ги има потрените ресури за борба против пандемијата.

Така пред околу недела дена тестирањето на вирусот се ограничи само на оние коишто се примени во болница со сиптоми на вирусот, значи оние потешко болните, затоа што капацитетот за тестирање беше ограничен на 4.000 теста на ден во земја од над 67 милиони жители, а во која според најлошото сценарио се очекува дека дури 80 отсто од населението да се разболи.  Дури за околу месец дена се очекува дека капацитетот за тестирање ќе се покачи на до 25 илјади теста на ден.  Најконтраверзно во оваа смисла е дека веќе ниту здравствените работници не се тестираат затоа што нема капацитет за ова.  Се разбира од тука се поставува прашањето за намалениот капацитет на здравствената служба ако секој којшто има температура и сува кашлица треба да се само-изолира на период од седум до 21 ден дури и да не е заразен со вирусот.  Ако лицето не се тестира никој нема да знае дали било заразено со корона вирусот и со причина останало толку долго во само-изолација, или пак непотребно останало толку долку надвор од работа кога имало обична настинка.

corona4

За да се надминат овие проблеми забрзано се работи на нов закон врз основа на кој се очекуваат и некои невообичаени мерки.  На пример, студентите на последна година медицина оваа година ќе дипломираат порано за да можат да се вклучат во борбата против вирусот.  На околу 65 илјади лекари и медицински сестри коишто се пензионирале не многу одамна ќе им се обноват времено лиценците.  Времено ќе се зголемат ингеренциите на медицинскиот персонал, а веројатно е и дека студентите по медицина и на слични студии ќе се ангажираат во практичка грижа за пациентите на оделенијата и слично.  Од поодамна веќе им е кажано на оние со симптоми на вирусот да не одат во аптека, на лекар или во болница, туку да ги следат препоракте од веб страницата на здравстевената служба или пак да се јават на нивниот центар за корисници по телефон.  Идеално се препорачува да се јават само оние коиште ќе се соочат со проблеми со дишењето, за да може да им се пружи лекување.

Покрај недостатокот на медицински персонал се смета дека сегашниот капацитет во јавниот здравствен сектор од 100 илјади легла, а од кои само четири до пет илјади за интензивна нега е значително недоволен да ги задоволи потребите од болничко лекување и интензивна нега во борбата со оваа пандемија.  Од тука забрзано се работи на склучување на договори со приватните болници за изнајмување на легла од страна на Националната здравствена служба, адаптација на салите за дневна хирургија и други болнички простори со постојна инсталација за кислород, во простории за интензивна нега, откажување на неургентните хирушки интервенции, најрано можно отпуштање на болните од болница или пак нивно префлање во домови за грижа на лица, склучување на договори за изнајмување на илјадници болнички кревети и слични активности преку кои се очекува бројот на легла за интензивна нега да се искачи на 11 до 12 илјади легла.  Се разбира повеќето од сегашните легла за интензивна нега веќе се зафатени со болни од други болести.

Со оглед на тоа дека Националната здравствена служба има пристап до само околу пет илјади вентилатори, спред медиумите во текот на изминатата недела властите ги контактирале локалните фабрики на Хонда (за автомобили), на Џеј-Си-Би (за градежна механизација) и Дајсон (за правосмукалки) за да се види дали тие можат да го пренасочат своето производство од својата вообичаена производна програма кон производство на вентилатори.  Според интервјуа со постоечки специјалзиран производител на вентилатори, неделениот производен капацитет на специјализираниот производител е само околу 10 вентилатори до колку сите вработени се на работа.

corona

Во моментов градежната индустрија поминува низ фаза во која се прават обиди објектите при крај да се завршат што побргу и предадат, објектите во изградба да се „конзервираат“ за изградбата да продлжи во некои подобри времиња, како и почетокот на изградба на нови објекти да се одложи.  Од тука се очекува дека фокусот на градежништвото ќе биде пренасочен кон одржување и подршка на критични инфраструктури и други системи во земјата.  Исто така, 20 илјади припадници и резервисти на британската армија се ставени во состојба на готовност за да ги помогнат напорите на Владата за справување со пандемијата.  Со оглед дека армијата многу ретко е опративна во рамките на земјата, нивното ангажирање е само показател на сложеноста и сериозноста на состојабата,

Сo 3.269 потврдени заболени и 144 починати во моментов Велика Британија е 10-та на листата на земји со најголем број на заболни, а сите напори што Владата ги прави е да го намали бројот на потецијалните жртви од оваа пандемија на од оргинално проценетите, според математичкиот модел, околу 250 илјади на нешто под 20 илјади лица.  За компарација се говори дека од сезонските грипови починуваат околу осум илјади лица годишно.

Партиските препукувања и надмудрувања се ставени на страна за со заеднички сили да се направи најмногу што се може да се сочуваат животите и основаната егизстенција на граѓаните.  Локалните избори се одложени како и матурските и сличните испити, спортските, естрадните и слични големи настани со оглед дека се очекува дека не станува за состојба која ќе биде надмината  во кус временски период.

Британските проценки се дека најлошиот период допрва доаѓа и тоа првин во Лондон, а нешто подоцна во остатокот на земјата и дека ќе трае околу 12 недели, но дека пандемијата веројатно ќе бидат надмината дури за околу 18 до 24 месеци.  Во меѓувреме освен на горенаведените активности се работи врз истражувања да се утврди кои постоечки лекови или комбинација на лекови може да се користат за да се намали интензитетот на болеста преку што би се помогнало на првите бранови на заболени.  Потоа се очекува дека од крвта на оние коишто го прележале овој вирус ќе можат да се издвојат антитела од коишто ќе може да се направи серум којшто би се овозможила краткотрајна заштита за оние што подоцна ќе се разболат додека да се дојде до нова вакцина против овој вирус.  Паралелно со овие активности се работи и на изнаоѓање на едноставен лабораториски тест преку кој ќе може да се тестира поголем број од населението за да се создаде подобра слика за тоа кој се го прележал овој вирус, а коешто ќе даде индикација за тоа во колкава мерка е создаден природен имунитет помеѓу наслението.

Од тука опредлебите на Владата се релативно јасни.  Преку подолга само-изолација најповредливите слоеви на наслението, а коишто имаат најголем ризик за компликации или фатален исход, да се заштитат најдобро што може за да фокусот на активностите се насочи кон лечењето на другите кај коишто ќе се јават компликации но на начин на којшто бројот на болни ќе се „менаџира“ во рамките на расположивите капацитети на Националната здравствена служба.  Во меѓувреме би се дефинирала терапија или срумски препарати коишто ќе можат подобро да ги заштитат повредливите делови на населението кога ќе излезат од само-изолација.

Неминовно, социјалните и економските реперкусии од пандемијата ќе бидат глобални и долгорчни.  Акциите на берзата изгубија околу 1/3 од свјата вредност, вредноста на фунтата падна и во однос на доларот и во однос на еврото.  Националната Банка на Англија веќе на два пати ја намали својата основна камата и таа сега изнасува само 0,1%.  Дополнително банката повторно го има активирано системот за количествено олеснување преку кој околу 200 милиради фунти ефективно ќе се создадат на хартија за да се потпре стабилноста на банкарскиот и економскиот систем во комбинација со 330 милијарди фунти пакет за подршка на стопанството преку заеми со поволни камати и слични мерки, вклучително со пакети за заштита на работниците и домаќинствата.

Во колкава мерка математичкиот модел за развојот на пандемијата со која Владата се води бил точен или пак власта го ставила сиот влог на само едно поле на таблата за рулет само времето ќе покаже.  Во меѓувреме на сите нам ни останува да се надеваме дека предвидувањата били или барем приближно точни или пак дека биле на страната на претпазливоста и покажале поголем ризик од вистинскиот.  Како и по секој настан со вакви глобални последици веројатно неминовно ќе се постави прашањето за тоа во која мерка она што било посеано во минатото резултирало со вакава жетва.  Во која мерка, процесите на глобализација, наметнатите економски модели и новиот светски поредок во текот на изминатиот половина век всашност придонеле во оваа мерка да се намали капацитетот и на најразвиените земји во светот да се справат со вакви или слични настани.  И дали можеби е дојдено време да се избалансираат работите за поголема добробит на сите, а не само на неколкумина.

Во очекување на позитивен краен исход и најмали можни последици сите ние да си посакаме барем до 101 година старост взаемно да си пееме „Среќен роденден на тебе!“.

Испрати коментар

Scroll To Top