Насловна / Вести / Србија: Мапирање на одржливи локации за вкупно 1GW соларни електрани

Србија: Мапирање на одржливи локации за вкупно 1GW соларни електрани

Меѓународната организација за заштита на животната средина The Nature Conseravancy организираше во Белград настан на кој ја претстави методологијата за мапирање на одржливи локации за соларни електрани во Србија. Претставената методологија не е финална, и во наредната фаза на проектот ќе биде доработена и унапредена со интеграција на достапните податоци. Крајната цел на проектот е да се формира производ во вид на мапа и алатка која ќе биде јавно достапна и која ќе треба да придонесе за побрз развој на соларните електрани со максимални економски и технички перформанси и минимални конфликти во однос на животната средина и социјалните критериуми.

mapiranje1

Паралелно со развојот на методологијата, проектниот тим воспоставил комуникација со релевантните институции со кои планира продолжување на проектот и понатамошно унапредување на методологијата и самите мапи на одржливи локации. Главните екперти на проектот, д-р Илија Батас, научен соработник од Институтот за технички науки на САНУ, и Дејан Дољак, научен соработник на Географскиот институт „Јован Цвијиќ“, ги претставија досеганите резултати и заклучоци. Проектниот тим определил вкупно 100 локации со потенцијал за изградба на соларни фотонапонски електрани со капацитет до 10MW, со што се доаѓа до вкупна инсталирана можност од 1GW.

mapiranje2

За глобалните перспективи на соларната енергија зборуваше Joe Kiesecker, главен научник воThe Nature Conservancy. Тој истакнал дека падот на цените и поголемата достапност на фотонапонските системи е нешто што ќе ја одбележи глобалната енергетска транзиција. Kiesecker го презентирал знаењето и искуството кое го има The Nature Conservancy, укажувајќи на анализите од САД и Индија, како и на проектите и истражувањата од над 70 држави.

mapiranje3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top