Насловна / Вести / Србија и Русија градат Центар за нуклеарни технологии

Србија и Русија градат Центар за нуклеарни технологии

Владата на Србија и руската нуклеарна корпорација „Росатом“, потпишале договор за изградба на Центар за нуклеарни технологии, како и спогодба за формирање на заедничко претпријатие за реализација на овој проект на територијата на Србија. Со овие документи е предвидено во следните три години да се изгради Центар за нуклеарна медицина на база на циклотронски комплекс и објекти за производство на радиофармацевтски лекови. Почетокот на работите за практична реализација на проектот е предвиден за 2022 година, a инвестицијата е проценета на 300 милини евра.

србија1

србија2

Со овој Центар на граѓаните на Србија, но и на регионот ќе им стане достапна високотехнолошка медицинска помош, првенствено во третирањето на онколошките заболувања. Во Центарот ќе се применуваат најнапредни технологии, како што се производство на радиоизотопи за медициснки но и индустриски цели, производство на легиран силициум за индустријата, услуги за определување на составот на рудите и минералите, како и еколошките примероци. Проектот се реализира во склоп на Меѓудржавната спогодба потпишана помеѓу двете земји во 2019 година.

србија3

Испрати коментар

Scroll To Top