Насловна / Вести / Претставени плановите за изграбда на „Биткоин град“ во Ел Салвадор

Претставени плановите за изграбда на „Биткоин град“ во Ел Салвадор

Претседателот на Ел Салвадор ги најави плановите за изградба на „Биткоин град“ (Bitcoin City) на површина од 7.466 хектари на југоистокот на оваа земја. Предложената метропола треба да се развие во подножјето на вулканот Кончагва. Планиран е како совршен круг, односно градот ќе има облик на монета, додека геотермалната енергија од вулканот ќе треба да ја напојува електричната мрежа на целиот град, вклучувајќи и енергија за рударење на криптовалути.  Во фокусот на проектирањето се граѓаните, па градот треба да биде делумно ослободен од автомобили, да има бројни пешачки зони, велосипедски патеки и мрежа за лесна железница.  Ќе постои и брза железница која градот ќе го поврзува со аеродромот, пристаништето и блиските градови.

bitcoin1

bitcoin2

Во едната половина на градот ќе биде сместен резиденцијален простор, а во другата половина образовни, здравствени установи и продавници. Градот ќе има „паметни згради“ и бројни дигитални погодности. Главна карактеристика на урбанистичкиот план е големиот централен плоштад украсен со масивно B – симболот за биткоин. Овде ќе се одржуваат концерти и слични манифестации, а ќе постои и музеј за историјата на парите. Биткоин градот има за цел да ги олесни деловните и технолошки вложувања преку бројни инструменти. Ќе се гради во фази, а роковите за целосно завршување сеуште не се одредени. Јавната инфраструктура ќе чини околу 300.000 биткоини, а Ел Салвадор е првата земја во светот која го има усвоено биткоинот како законско средство за плаќање. Се очекува новиот град да ја дефинира иднината на земјата, претставувајќи го нејзиното лидерство во урбанистичкото планирање со визија насочена кон иднината.

bitcoin3

bitcoin4

Испрати коментар

Scroll To Top