Насловна / Вести / Спремен за Олимпијарада: Кинескиот воз со 5G технологија, достигнува 350km/h, без машиновозач

Спремен за Олимпијарада: Кинескиот воз со 5G технологија, достигнува 350km/h, без машиновозач

Со пуштањето во сообраќај на G8811 “паметниот” воз кој има  5G сигнал, безжично полнење и интелигентно осветлување, и е автономен, односно вози без машиновозач, Кина свечено  пушти во употреба нова брза пруга. Оваа линија води од Пекинг до Жангџиаку, градот во северниот дел на Кина кој заедно со кинеската престолнина ќе бидат домаќини на зимските Олимписки игри во 2022 година. Новата пруга ќе го скрати времето на патување меѓу овие два града до досегашните 3 часа на само 47 минути. Меѓу првите патници со овој воз, била и Јанг Јанг, првата кинеска олимписка шампионка која има освоено две златни медаљи во брзо лизгање, во 2002 во Солт Лејк Сити. Денес таа е претседател на кинеската Атлетска комисија за зимската олимпијада. Изградбата на пругата траела четири години.

railway1

railway2

railway3

railway4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top