Насловна / Вести / И покрај климатските промени побарувачката за јаглен стабилна

И покрај климатските промени побарувачката за јаглен стабилна

Побарувачката за јаглен ќе остане стабилна во наредните четири години, благодарение на азиската побарувачка, и покрај општата загриженост поради климатската криза, објавила Меѓународната агенција за енергија (IEA).

Јагленот и натаму останува главен извор на енергија во југоисточна Азија, каде големиот стопански раст создава голема потреба за енергија, но по цена на загадување на околината. Подрачјата на брегот на југоисточна Азија, веќе ги погодуваат големи поплави и преливање на морето поради климатските промени.

jag

„Глобалната побарувачка на јаглен се опорави по 2017. година. Иако, веројатно ќе се намали во 2019, очекуваме во периодот до 2024. година да остане стабилна“, се наведува во извештајот на агенцијата со седиште во Париз, пренесува Хина.

Јагленот е најважно гориво во производството на електрична енергија и предизвикува повеќе од 40 отсто емисија на јаглерод диоксид во производство на енергијата. Исто така е важен во производството на челик и цемент. Европа и САД се се помалку зависни од јаглен, но неговата употреба расте во Азија, а особено во најголемите светски производители и корисници на јаглен Кина и Индија.

kk

„Електраните на јаглен во Азија се млади, во просек работат 12 години и би можеле да работат уште со децении“, изјави извршниот директор на  IEA, Фејт Бирол. Додава дека е неопходно да се равијат технологии за прифаќање, искористување и складирање на јаглен(CCUS), со кои ќе се спречи негово испуштање во атмосферата.

Во моментот постојат неколку проекти на (CCUS).

„Прифаќањето на CCUS е нужно во многу млади електрани во Азија, како би можел светот да биде на пат на постигнување на меѓународните цели во однос на климата, квалитетот на воздухот и пристапноста до енергијата“, вели Бирол.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top