Насловна / Вести / СП Катар 2022: Сите стадиони се климатизирани и имаат систем за прочистување на воздухот

СП Катар 2022: Сите стадиони се климатизирани и имаат систем за прочистување на воздухот

Еден од условите за одржување на Светското фудбалско првенство во Катар, бил климатизација на сите осум стадиони каде се играат натпреварите. И покрај загриженоста дека климатизациски системи не можат значително да ја спуштат температурата на отворените стадиони, сите осум терени имаат специјално проектирани климатизациски системи. Станува збор за технологија која е развиена во соработка со „Универзитет Катар“, а користи соларна енергија за напојување на вентилаторите пред и после клима коморите.

qatar1

qatar2

qatar3

 

Освен климатизирањето на воздухотво однос на температура и влажност, се користи и нова технологија за фино прочистување на воздухот. Ова е особено корисно за оние кои имаат проблеми со алергии, бидејќи воздухот на стадионите е навистина со добар квалитет. Применетата технологија е 40% поодржлива од постоечките, а процесот нa климатизација е доволно да стартува два часа пред почетокот на натпреварите. Стадионите се климатизираат на температури помеѓу 18 и 24 степени Целзиусови.

qatar4

FBL-QATAR-WC2022

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top