Насловна / Арт и дизајн / Совршен додаток на летото – мини верзија на шампањ

Совршен додаток на летото – мини верзија на шампањ

Брендот за шампањ, Armand de Brignac успеа да произведе пет видови шампањ куве кои не само што се издвојуваат од останатите пенливи вина туку се разликуваат и едно од друго. Уникатниот вкус на секое шише го привлече светското внимание и мошне брзо Armand de Brignac го направи еден од најпрепознатливите светски брендови.

шамп
Со својата Gold Brut престижна куве експресија, Les Petites D’Armand de Brignac Gold Brut ќе ја освежи секоја летна прилика. Лансирани за прв пат, само 1000 вакви шишиња се идеален и ексклузивен подарок за летната сезона. Како сите Champagne Armand de Brignac шишиња и мини верзиите се рачно флаширани, а спакувани се во полирани, рачно изработени дрвени кутии. Овој одбран шампањ е во златни, металик шишиња од од 187 милилитри, секое шише има своја етикета од калај и е единетвено, две шишиња не се исти.
Шампањот, како и останатите вина на Armand de Brignac е производ на мајсторска мешавина, 40% Pinot Noir, 40% Chardonnay и 20% Pinot Meunier, а секоја берба доаѓа од многу внимателно бирано овошје.

шампањ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top