Насловна / Вести / „По патиштата на Никола Тесла“ прва научно-туристичка рута на свет

„По патиштата на Никола Тесла“ прва научно-туристичка рута на свет

Научно-културно-туристичката рута „По патиштата на Никола Тесла“ влегува во процес на сертификација, како прва службена културна рута на Советот на Европа посветена на некој иноватор и научник. На проектот веќе неколку години работат членовите на меѓународниот Кластер на патиштата на културата и експерти од Хрватска, Србија, Словенија и Соединетите Американски Држави, пренесува РТС.

nikola1
Со оглед на тоа дека опфаќа два континента, ова е воедно и прва научно-културна- туристичка рута на свет.
„Го претставивме проектот во Букурешт и очекуваме да стане не само прва сертифицирана рута на Советот на Европа, туку и прва рута на УНЕСКО посветена на некој иноватор“, навела претседателката на управниот одбор на Кластерот, Мануела Граф.
Потсетила дека архивот на Никола Тесла е веќе под заштита на УНЕСКО како вредно светско наследство.
Рутата ги поврзува Хрватска, Србија, Словенија, Австрија, Унгарија, Чешка, Франција и Соединетите Држави.

teh zagreb

Технички музеј „Никола Тесла“ – Загреб

Во Хрватска ќе бидат поврзани Сењ, како место каде службувал таткото на Тесла и Смиљан како родно место на научникот. Следуваат Госпиќ и Карловац, каде Тесла посетувал основно и средно училиште. Посетата на Загреб ќе го вклучува Техничкиот музеј „Никола Тесла“ со приказ на неговиот кабинет, потоа хидроелектраната на реката Крка, како прва во Европа која проработела на принципите на наизменичната струја на Тесла и старата хидроелектрана „Озаљ“ кај Карловац.
Во Србија рутата ги опфаќа Музејот на Никола Тесла, како и Белград од аголот на Никола Тесла – се она што Тесла го видел и посетил кога бил во Белград 1892. година. Ќе биде вклучен и Неготин како роден град на научникот Ѓорѓе Станојевиќ и десет мали хидроелектрани, кои се вистински мали живи музеи, а направени се благодарение на големото пријателство и соработка на Тесла и Станојевиќ. На рутата се и Музејот на омилениот поет на Тесла, Јован Јовановиќ Змај во Сремска Каменица, комплексот на Михајло Пупин во Идвор, современик и пријател на Тесла.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Музејот на Никола Тесла, Белград

Тесла во 1878. и 1879. година живеел во Марибор, па така тој град е значаен за развитокот на европските патишта на Тесла, а бидејќи студирал во Грац и Прага, рутата ги опфаќа и тие два града.
Следуваат Будимпешта, Стразбур и Париз, каде работел и оставил трага, и, секако, на рутата се и Соединетите Држави каде го поминал поголемиот дел од животот.
Kластер умрежува скоро 50 институции и организации од областа на културата и туризмот, деловни луѓе и факултети од Европа и САД, бидејќи како што се наведува Тесла треба да поттикнува заедништво, толеранција и взаемно почитување.

nikola2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top