Насловна / Вести / Италија го забрани пристапот на големите крузери во историскиот центар на Венеција

Италија го забрани пристапот на големите крузери во историскиот центар на Венеција

Од септември, сите бродови кои надминуваат 1000 тони, ќе бидат обврзани да ја сменат својата рута, односно не смеат да влегуваат во заливот на Венеција. Италијанската влада ја донесе оваа одлука по низата протести поради зачестените инциденти, од кои последниот беше во јуни кога петмина беа повредени при судир на голем крузер и мал туристички брод.

venecija3

Ваквата забрана воопшто не е новина. Имено, до 2013 година постоела слична забрана, а од 2017 година се апелирало на промена на рутите на крузерите, но попусто.  Сега, со законското решение, владата настојува меѓу другото да ги надмине и проблемите со загадувањето во заливот, како и изразената ерозија на темелите на градот како резултат на огромните бранови, предизвикани токму од бродовите.

venecija2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top