Насловна / Ентериери / Современ пентхаус од 350 м2 во Софија

Современ пентхаус од 350 м2 во Софија

Со спојување на два стана во еден, добиен е современ пентхаус од 350 квадратни метри во главниот град на Бугарија.софија ентериер_02

Работен според проект на архитектонското биро KNOF design, изведен е ентериер со прозорци од подот до таванот, кои овозможуваат впечатлив панорамски поглед на Софија.

Сепак, фокусот во овој стан е ставен на колоритот. Иако во основа е бел, овој стан е се само не минималистички и „здодевен“.софија ентериер_01

Белата боја ја разбиваат елементи со изразени структури на дрво, перници во сини бои, зеленило… Во детската соба тоа е дури и повеќе од очигледно, каде што применетата палета на бои е многу храбра.софија ентериер_03

Клиентите барале светол, луксузен амбиент кој ќе биде во можност на најдобар начин да ја искористи големата количина на светлина што доаѓа од различни правци во текот на денот, пишува Freshome.софија ентериер_04

Со цел да се контролира нивото на интимност, но, исто така, и осветлувањето, на прозорците се ставени black-out завеси.софија ентериер_05

Бањите, исто така, се ефектни, заради мозаик плочките кои носат свежина и живост во просторот.софија ентериер_06 софија ентериер_07 софија ентериер_09 софија ентериер_08 софија ентериер_10 софија ентериер_11 софија ентериер_12 софија ентериер_13

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top