Насловна / Вести / Изложба на урбани уметнички акции во Мобилна галерија

Изложба на урбани уметнички акции во Мобилна галерија

Вечерва (27 јуни) во 21 часот, во Мобилната монтажна галерија на центарот во Франкофонскиот парк, ќе се отвори изложба на фотографии, видеа и работни цртежи и материјали од уметничките акции. Организатори се Центарот за современи уметности и тимот на иницијативата Урбани уметнички акции, по повод првата годишнина од почетокот на акцијата.

Изложбата се состои од триесетина фотографии и видеа направени за време на поставувањето на интервенциите, скулптурите и инсталациите во текот на изминатата година.ајкули во вардар

Изложбата има за цел да го популаризира креативниот пристап во комуникацијата на проблемите и да ги охрабри граѓаните од одговорните да бараат решение за своите проблеми, особено за оние поврзани со јавниот простор, урбаната и комуналната инфраструктура.

На изложбата, помеѓу другото, ќе бидат изложени и „работилнички цртежи“ и работни материјали и документација како се правени, тестирани и поставувани некои од интервенциите.

Изминатата година се направени над 30 акции од различен тип, од кои се издвојуваат ајкулите во Вардар, очите на дрвјата, споменикот на дијазепамот, флуоресцентните велосипеди со пораки…

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top