Насловна / Архитектура / Советникот во Град Скопје Пановски прашува, што со зградите на „Кермес“, ЕВН, „Пелагонија“, галиите, хотелот

Советникот во Град Скопје Пановски прашува, што со зградите на „Кермес“, ЕВН, „Пелагонија“, галиите, хотелот

Советникот во Град Скопје од ЛДП, Никола Пановски прашува зошто не се доградат или урнат зградите и галиите, кои со години стојат во центарот на градот.

За објекти кои стојат со години како „Кермес“ во Градскиот парк, зградите на ЕВН и на „Пелагонија“ на градскиот плоштад, како и за новото матично и зградата што треба да биде хотел, на денешната седница на Советот на Град Скопје, советникот Пановски праша што се планира со нив и до кога ќе стојат недоправени или руинирани.

пп_resize

„Сред паркот веќе дваесет и нешто години, постои ограда и столбови од кои виреат `рѓосани жици. Прашањето е кој има штета ако тој се изгради или пак се одлучи дека нема да се изгради, па се тргнат тие грди столбови и тој простор да ни се намени на граѓаните“, праша Пановски.

Тој вели дека ако се оди по кејот накај центарот, трите галии, од кои две не работат, а третата е полуурната, се „едно ругло“ недозволиво во центарот на градот. Пановски сакаше да знае што со тие галии кои не функционираат.

4H5A9778_resize

На „ругло“ му наликува и зградата на ЕВН/ЕСМ, за која смета дека или ќе се гради барок или ќе ќе се остави како што била по старо.

„Поминаа пет години и ништо не се случува“, вели Пановски, освен повремено некои пожари, а прашува и за зградата „Пелагонија“.

4H5A1520_resize

Пановски за оградата на плоштадот вели дека „не е надлежност на Градот, но претходно имаше полјана и некои убави дрвја, но не личеше да има полјана која не беше ни средена со децении“. Сега таму треба да има хотел, а неговата изградба никако да заврши, а таму може да се вработат многу луѓе, смета тој.

Исто така смета дека тоа се објекти од кои никој нема да има штета ако се изградат.

Од градот му одговорија дека за овие три прашања има повеќе надлежности, па одговорот ќе го добие на писмено.

Испрати коментар

Scroll To Top