Насловна / Вести / Сообраќајница на иднината во „главниот град“ на автомобилската индустрија

Сообраќајница на иднината во „главниот град“ на автомобилската индустрија

Автономните возила веќе сообраќаат по автопатите и градските улици на делови од САД и Кина. Иако со нив во целост управуваат компјутери, возачите сепак се тука да интервенираат доколку има потреба. Во истражувањето и тестирањето на оваа технологија се вложуваат милијарди долари, а предводник е Google.

?????????????????????????????????????????????????

Американската сојузна држава Мичиген, заедно со партнерите кои ги вклучуваат и компаниите поврзани со Google, најави изградба на една од најсофистицираните сообраќајници која ќе биде наменета исклучиво за автономни возила. Патот со должина од 65 километри, ќе ги поврзува Детрои и Ен Арбор, а учесниците во проектот уверуваат дека со тестирањето ќе се подобри сигурноста, издржливоста и ефикасноста на автономните сообраќајници во иднина.

michigan2

 

Гувернерката на Мичиген истакнала дека тоа се првите чекори кон изградбата на инфраструктура која ќе помогне во тестирање и користење на автомобилите на иднината. Притоа, таа ја нагласила и важноста на Мичиген, бидејќи економијата во оваа сојузна држава е директно поврзана со автомобилската индустрија, па мора да се продолжи со иновативен пристап, со цел и натаму Детроит да остане “главен град“ на автомобилската индустрија.

Откако ќе бидат изградени првите засебни ленти за автономни возила, ќе се започне со тестирање на возилата кои ќе бидат одвоени од останатите учесници во сообраќајот. Сите возила ќе бидат централно поврзани и управувани.

michigan3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top