Насловна / Вести / Ова е најбрзиот полнач за мобилен телефон на светот (видео)

Ова е најбрзиот полнач за мобилен телефон на светот (видео)

Се повеќе станува луксуз да се има мобилен телефон чија батерија трае подолго од еден ден ден. Поради тоа во последно време многу се работи за моќноста на полначот, а сега границите се повторно поместени.

Компанијата Oppo најави дека наскоро ќе биде во продажба „најбрзиот“ полнач за мобилен телефон, „Oppo 125W Flash Charge“,која има моќност од 125W.

opo1_resize

Како што велат од Орро, тоа значи дека батерија со капацитет 4,000mAh може да се полни 41% за само пет минути и 100% за 20 минути.

Ова е веројатно најбрзата технологија за полнење мобилни телефони на пазарот, а одговорни се два фактори: волтажа од 20V и ампеража од 6,25А.

opo2_resize

Тие исто така најавуваат дека „најбрзиот полнач во светот“ вклучува дополнителни 10 сензори за следење на температурата и статусот на полнење, и сè ќе биде компатибилно со Type-C конектор.

Испрати коментар

Scroll To Top