Насловна / Вести / Сонцето и ветерот со поголемо производство на електрична енергија во ЕУ во 2022, отколку природниот гас

Сонцето и ветерот со поголемо производство на електрична енергија во ЕУ во 2022, отколку природниот гас

Анализата на производството на електрична енергија за 2022 година во земјите од Европската унија – European Electricity Review, покажува дека уделот на производството од соларни електрани и ветерни фарми се искачил на рекордни 22%. Овие технологии за прв пат го надминаа учинокот на електраните на природен гас, кој сега изнесува 20%.  Минатата година ја одбележаи падот на производството на електрична енергија во хидроцентралите и нуклеарните постројки. Тоа се должи на исклучително сушната година. Уделот на електричната енергија произведена од јаглен е 16%. Анализата подготвена од Ember, оптимистично оценува дека Европа изгледува од енергетската криза „посилна од било кога“. Според нивните прогнози, оваа година ќе се намали уделот на фосилни горива, посебно на гасот.

ember11

ember22

Минатата година, 20 земји од ЕУ го зголемиле уделот на соларните електрани во својот енергетски микс ан рекордно ниво. Холандија е прва со 14%. Во исто време, забележан е пораст на производството од јаглен во однос на 2021 година, со оглед на високите цени на гасот. Сепак, се заклучува дека развојот на секторите ветер и солар спречиле подрастично враќање на јагленот во производството на електрична енергија. И покрај тоа што 26 тремоцентрали на јаглен се вратени во производна спремност, искористен е само 18% од нивниот капацитет. За 2023 година се прогнозира понатамошен раст на уделот на обновливите извори на енергија, а се очекува најголем пад да претрпи производството од природен гас.

ember33

 

Испрати коментар

Scroll To Top