Насловна / Вести / Соларни настрешници за паркиралиште на 15 хектари во Франција

Соларни настрешници за паркиралиште на 15 хектари во Франција

Volkswagen и енергетскиот гигант Engie, пуштија во погон фотонапонска постројка од 20MW, над паркиралиште во северниот дел на Франција. Станува збор за две еднакви целини на вкупна површина од 15 хектари. Инсталирана во седиштето на Volkswagen за Франција,  постројката покрива простор на кој се паркираат 6.500 возила. Содржи 50.000 фотонапонски панели, а инвестицијата вреди 20 милиони евра. Средствата во еден дел се обезбедени и преку краудфандинг кампања за привлекување на мали инвеститори. На овој начин се обезбедени вкупно 3 милиони евра од 342 поедници. Engie Green ќе се грижи за одржувањето на постројката и ќе управува со неа во наредните 32 години.

francepv1

Оваа централа е инаку 13-ти објект од ваков вид кој Engie Green го реализира во Франција. Компанијата соопштува дека досега поставила соларни настрешници на 200 хектари. Дополнителен поттик за развој на вакви постројки дава новиот Закон за производство на електрична енергија од обновливи извори во Франција, според кој сите постоечки и нови паркиралишта со простор за најмалку 80 возила мора да бидат прекриени со фотонапонски панели. Сопствениците на паркинзи кои имаат помеѓу 80 и 400 места, имаат рок од пет години за исполнување на оваа обврска, додека паркинзите со повеќе места имаат рок од три години. Притоа, најмалку половина од површината во тие категории мора да биде прекриена со фотонапонски панели. Француските власти проценуваат дека оваа мерка би можела да придонесе во сериозно зголемување на инсталираниот капацитет до овој извор на енергија.

francepv2

Што се однесува до југоисточна Европа, Словенија неодамна усвои закон со кој ги забрзува процедурите и го регулира просторното планирање и издавање на дозволи, првенствено за ветерните паркови и соларните електрани. Овозможува фотонапоснки постројки да се поставуваат не само на покривите на поголемите објекти, туку и во просторот околу патишта и пруги, на затворени депонии и каменоломи, како и на паркиралишта.

 

Испрати коментар

Scroll To Top