Насловна / Архитектура / Софтверот што ја промени архитектурата: AutoCAD го слави својот 40. роденден оваа година

Софтверот што ја промени архитектурата: AutoCAD го слави својот 40. роденден оваа година

Создаден во далечната 1982 година, програмот AutoCAD ја трансформираше архитектонската индустрија, започнувајќи ја ерата на транзиција од рачно цртање на компјутерски помогнато проектирање.

Можеби во денешниот, мошне развиен високотехнолошки свет, 1980-тите изгледаат многу далечни и нереални за развојот на технологијата, но таа деценија всушност ги постави темелите за голем дел од начинот на кој работиме денес.

Интересна е помислата дека Microsoft Word е лансиран во 1983 година, додека Photoshop првично беше развиен во 1987 година, пред неговото прво официјално објавување во 1990 година.

4

Лансиран како десктоп апликација

Меѓутоа, за архитектите веројатно најважниот софтверски производ е креиран во 1982 година, како тогаш нов тип на апликација за 2Д цртање, наречен AutoCAD, лансиран како десктоп апликација која работи на микрокомпјутери со интерни графички контролери.

Оттогаш, неговиот препознатлив екран и обоените линии краселе милиони компјутерски екрани, предводејќи ја транзицијата од рачно цртање во компјутерски потпомогнато цртање во многу креативни индустрии ширум светот.

Иако овој легендарен програм оттогаш се користи ширум светот од графички дизајнери, инженери, проект менаџери и многу други, сепак во најголема мера е поврзан со работата на архитектите.

2

Релевантност во индустријата која постојано се менува

Главниот уредник на Architizer, Пол Кескис, неодамна се состана со Даниа Ел Хасан, директорка за управување со производи на AutoCAD, за да дознае повеќе за тоа како софтверот успеал низ децениите да ја задржи својата релевантност во индустријата што постојано се менува, но и да слушне нешто повеќе за претстојниот планиран развој на програмот.

За почеток, можете ли да ни кажете како софтверот се етаблирал како потпора во индустријата и како еволуираше?

ДЕХ: Autodesk е технолошки лидер во АЕС индустријата. Предводевме повеќе дигитални трансформации, почнувајќи со лансирањето на AutoCAD пред 40 години, што ја поремети индустријата со воведување компјутерски потпомогнат дизајн. Оттогаш, нудиме алатки кои им овозможуваат на клиентите да работат на веб и мобилни уреди, а сега исто така го забрзуваме создавањето подобри резултати од проектот помагајќи им на нашите клиенти во автоматизација, помагаме и во процесот кон значително зголемување на ефикасноста и одржливоста.

1

Што мислите дека придонесе за важноста на AutoCAD за AEC индустријата и покрај подемот на 3Д моделирањето и BIM софтверот во последниве години?

ДЕХ: AutoCAD учествува во многу делови од животниот циклус на проектот, од идеен проект до изградба и работа на објектот. Откривме дека нашите клиенти кои успешно користат BIM продолжуваат да користат AutoCAD заедно со Autodesk Construction Cloud и Revit за што е можно поуспешно да ги постигнат целите на својот проект.

Можете ли да истакнете некои од новите алатки или функции во најновото издание на AutoCAD и да објасните зошто се имплементирани?

ДЕХ: AutoCAD 2023 беше дизајниран имајќи ги на ум нашите клиенти и променливата природа на нивната работа. Се фокусиравме на моќни автоматизации за да постигнеме поголема ефикасност и стручност, а истовремено инвестирајќи во нови технологии кои поттикнуваат посовремени текови на соработка. Оваа година достигнавме нови височини со моќта на машинското учење. Markup Import машината им излегува во пресрет на клиентите на лице место за да добијат повратни информации и податоци од соработниците, од DWG, PDF, па дури и од хартијата се пренесуваат во AutoCAD опкружување за цртање.

My Insights Dashboard првпат е претставен во AutoCAD 2022, каде што користи ML за да обезбеди корисни совети и сугестии за да им помогне на нашите клиенти да научат да работат повешто. Со лансирањето на AutoCAD 2023, отидовме чекор понатаму со Macro Advisor, каде автоматски се препознаваат задачите што се повторуваат во работниот тек на корисникот, за да препорача релевантен Macro кој може да заштеди време, не само да предложи корисни совети, туку овозможува и моќна автоматизација заснована на тој увид. Покрај ова, со AutoCAD веб и мобилните апликации, корисниците имаат најсеопфатни веб и мобилни можности во споредба со кој било CAD софтвер. Корисниците можат да ги користат основните AutoCAD команди и да пристапуваат до нивните датотеки во секое време, каде било и на кој било уред.

3

Како би ги упатиле архитектите на AutoCAD во 2022 година во споредба со 1992 година?

ДЕХ: Длабоко сме посветени да продолжиме да ја задржиме довербата на нашите клиенти ширум светот, да слушаме и да одговараме на потребите на клиентите, да пружаме адекватна вредност во текот на животниот циклус на проектот и да ја одржуваме вредноста во иднина. Со 40 години иновации на наша страна, AutoCAD постигнува неспоредливи перформанси, а нашиот екосистем на купувачи, партнери и програмери продолжува да гарантира дека AutoCAD може флексибилно да се прилагоди за да биде ефикасен софтвер за АЕС професионалците.

Како го гледате развојот на AutoCAD во иднина?

ДЕХ: Возбудени сме за она што носи иднината за AutoCAD и АЕС индустријата. Внимателно ги следиме трендовите во ML/AI, мобилноста, податоците и, се разбира, дигиталните трансформации што нашите клиенти ги преземаат на работното место кое константно се менува. Иако не можевме да предвидиме многу настани во изминатите неколку години, задоволни сме што семејството на производи AutoCAD продолжува да ги задоволува растечките потреби на нашите клиенти, кои ја забрзаа својата дигитална трансформација.

Испрати коментар

Scroll To Top