Насловна / Арт и дизајн / Софата Float со одличен дизајн, за чувство на безгрижно уживање на брановите

Софата Float со одличен дизајн, за чувство на безгрижно уживање на брановите

Инспириран од идејата за биофилен дизајн и стремежот кон максимална удобност со чувството на лебдење на бранови, модуларната софа Float, зад која стои познатиот италијански архитект и дизајнер Massimo Iosa Ghini, предизвика внимание на Неделата на дизајнот и саемот за мебел во Милано 2023.

ф1

Iosa Ghini е познат по неговиот модерен, органски дизајн и визионерска способност да испреплетува дисциплини, форми и димензии кои ги преминуваат границите во уметноста, дизајнот и архитектурата.

ф2

„Float е роден од органска идеја генерирана од биоморфни форми“, вели Iosa Ghini, „постои врска со криволиниската болидистичка традиција што ме дефинира. Меѓутоа, мојот моментален фокус е повеќе поврзан со помека природност, која не е одвоена од она што сум го работев претходно, туку е едноставно еволуција“.

ф3

„Денес сакам помалку естетски форсирани линии, кои ме потсетуваат на мекоста на телото. Органските форми на софата Float се повеќе во склад со тоа што сме ние, анатомски говорејќи.“

ф4

Биофилниот дизајн е актуелен тренд во дизајнот на мебел, кој ја истражува поврзаноста помеѓу човекот и природата. Овој пристап комбинира естетика и функционалност со природните елементи за да се создаде пријатен и релаксирачки амбиент, кој ги поврзува луѓето со природата и ја подобрува нивната благосостојба, а за таа цел користи природни форми, како што се кривини, бранови и форми на листови, како и бои кои најчесто се среќаваат во природата.

ф5

Float е мека инспирација, екстремна удобност и раскошни материјали кои ве повикуваат на одмор.

Float е модуларен систем кој дава бројни можности за индивидуален дизајн, со комбинирање на елементи за седење и лежење, во различни бои и материјали.

Постојат многу начини да се ужива во гарнитурата Float, од конвенционално седење кое ќе биде релаксирачко благодарение на удобните потпирачи за грб, до одмарање на модулите за лежење.

Испрати коментар

Scroll To Top