Насловна / Вести / Паркот Biblioteca degli Alberi во Милано – место на интеракција и поврзување

Паркот Biblioteca degli Alberi во Милано – место на интеракција и поврзување

Овој парк во Милано со децении бил необработено поле, користено за складирање на градежни материјали, привремени настани и годишен циркус – во основа оставен во неред. Сместен во непосредна близина на станицата Garibaldi и опкружен со густ сообраќај, со текот на времето местото станало многу загадено.

2

Четири пати, Градот Милано организирал конкурси за да ја врати локацијата во живот, но никогаш не бил реализиран проект. Сè додека не се појави тимот на бирото за пејзажна архитектура Inside Outside Architectureво во 2003 година и, од 2009 година наваму, инсистирале на неопходноста овој пат да се реализира победничкиот проект за паркот.

1 3

Целта на интервенцијата наречена „Biblioteca degli Alberi“ (Библиотека на дрвја) е нова форма на јавен парк – служи како урбано поврзување, културен кампус, спортски терен и ботаничка градина; и како слој над важни подземни инфраструктурни јазли. Паркот е проектиран во соработка со експерти од различни области.

4

Во паркот е изложена колекција од 23 различни видови дрвја, сите групиран во кружни формации – таканаречени Кружни шуми – и се простираат низ паркот. Секое дрво е опишано и именувано, како текстови интегрирани во патеката долж нив.

5

Круговите од дрвјата ќе созреваат и ќе растат како кровови од зеленило кои формираат „растителни павилјони“ со разновидна опрема за спорт, игра и релаксација; просторни структури кои обезбедуваат засенчени и засолнети простори за повеќе намени. Прави патеки се повлечени низ паркот за да меѓусебно ги поврзат точките на интерес и околните области, создавајќи полицентрична мрежа.

7

Оваа „мрежа од патеки“ создава шаренило од неправилни полиња, низа од многу различни типологии на градини. Садниците за различните полиња се внимателно избрани за да – заедно со биолошкото езерце и дрвјата – создадат динамична и биолошка разновидност во текот на сите годишни времиња. За делот на паркот околу Fondazione Catella, дизајнирана е специјална ограда како завеса низ која структурата на паркот продолжува непречено. Бидејќи паркот, во најголем дел, е „кровна градина“, дрвјата и типологиите на градината се стратешки поставени за да се обезбеди нивната долговечност.

6 9

Паркот е проектиран како важно место на интеракција и поврзување помеѓу различните околни населби: општински канцеларии, витални јазли на јавен превоз, комерцијални области и прометни улици, како и тивки станбени области како што е „Quartiere Isola“. Со негова регенерација додадени се незаменливи инфраструктурни врски што овозможуваат понепречен проток на сообраќај и ефикасна пешачка поврзаност. Сега под паркот поминува една од главните сообраќајници, што порано била во непосредна близина, веднаш покрај паркот, што значително ја намали бучавата од сообраќајот.

8

Паркот Biblioteca degli Alberi со својата разновидна програма за игра, спорт, релаксација и културни настани стана срцето на оваа област. Нуди можности за бројните комерцијални и станбени згради, неодамна изградени во близина, и нивните корисници да имаат можност да престојуваат на пријатно и добро организирано мето на отворено.

12

Процесот на подготовка и реализација на паркот траеше една деценија; поради стратешкиот квалитет на дизајнот – користење едноставни компоненти со јасна просторна дефиниција – се покажал отпорен и способен да се прилагоди на различните барања, задржувајќи ја суштината на почетниот концепт од почеток до крај.

13 14 15

Испрати коментар

Scroll To Top