Насловна / Вести / На клиентите им нудиме финансиски решенија за вистинска радост при најважните инвестиции во нивниот живот

На клиентите им нудиме финансиски решенија за вистинска радост при најважните инвестиции во нивниот живот

Наташа Баљук Ристовска, директор на Дирекцијата за кредитирање на население во Комерцијална банка АД Скопје

Без разлика дали им требаат средства за финансирање одредена инвестиција, како купување, изградба или реновирање на домот, или за задоволување на различни потреби, клиентите лесно ги препознаваат атрактивните услови на станбениот и потрошувачките кредити на Комерцијална банка и брзата и професионална услуга, кои се клучот за секој успешен производ.

Natasa Baljuk Ristovska - foto 2

Г-ѓо Баљук, Комерцијална банка воведе повеќе новини и промотивни услови кај кредитите за население, кои се особено забележливи кај станбениот кредит и кај потрошувачките кредити. На што се должат овие новитети?

Живееме во време со динамични промени, а тие често бараат брза реакција за да ги следиме потребите на нашите клиенти. Во Комерцијална банка, сите новини и промотивни активности ги креираме во согласност со анализата и актуелните очекувања на пазарот. Станбените и потрошувачките кредити што ги спомнавте се најбараните и најпознатите кредитни производи кај граѓаните. Без разлика дали им требаат средства за финансирање одредена инвестиција, како купување, изградба или реновирање недвижен имот, или за задоволување на различни потреби, клиентите лесно ги препознаваат атрактивните услови на овие кредитни производи и брзата и професионална услуга, кои се клучот за секој успешен производ.

Промотивните активности секогаш имаат одличен одзив и интерес кај клиентите и тоа ни е голема мотивација за креирање нови поволности кои ќе ја оправдаат нивната доверба. Во овој период особено е актуелна промоцијата за станбениот кредит, кој во периодот до 30.06.2023 година, се нуди без трошоци за одобрување и процена на имот. Имајќи предвид дека целата финансиска конструкција при купување недвижен имот може да биде значителнo повисока, со оваа поволност настојуваме да ги намалиме финансискиот товар и трошоците на кои е изложен кредитобарателот уште на самиот почеток.

И за најбараниот потрошувачки кредит до 3.000 евра имаме актуелен промотивен период, во кој истиот може да се одобри со максимален рок на отплата до 120 месеци. Тоа на клиентите им овозможува поголема кредитна способност, можности за рефинансирање, помала оптовареност на месечниот буџет и поголема флексибилност во креирање на финансиските планови.

Со Станбениот кредит овозможивте за првпат на домашниот пазар да се понуди кредит со рок на отплата до 40 години. Како заинтересираните граѓани го прифатија тоа, особено со оглед на зголемените цени на недвижностите?

Во моментот, станбениот кредит на Комерцијална банка има најдолг рок на отплата, до 40 години, и до 75 години возраст при крајна исплата на кредитот. Оваа понуда е единствена на пазарот и нуди можност месечните обврски по кредитот да бидат пониски, што е исклучително важно во услови на зголемени трошоци за живот. Од друга страна, пониските обврски ја зајакнуваат кредитната способност, што во услови на зголемени цени на недвижностите овозможува полесна достапност до потребниот износ на кредит.

Оваа поволност особено позитивно беше прифатена од помладата популација. Најголем дел од нив се на почетокот на својата работна кариера и имаат потреба од осамостојување или сопствен простор за домување, па на овој начин самостојно и поедноставно може да ги исполнат потребните услови за одобрување на бараниот износ на кредит и притоа да си обезбедат најниска месечна рата.

Една од најголемите предности на станбениот кредит е и можноста предвремено и без трошоци, целосно или делумно, да се затвори кредитот во кој било период од отплатата. Тоа на клиентите им нуди вистинско олеснување во одлуката да одберат подолг рок на враќање на кредитот, согласно моменталните приходи, и е исклучително значајно при планирање на посакуваната динамика на отплата.

Секако, многу значајна поволност е и можноста за станбен кредит со вклучено животно осигурување, која дава дополнително финансиско растоварување за секој кредитокорисник во случај на несакани настани во текот на животот.

Natasa Baljuk Ristovska - foto 3

Можноста за вклучено животно осигурување кај станбениот кредит е новитет на пазарот од пред извесно време. Дали постои интерес кај граѓаните за кредити со животно осигурување? Може ли да објасните за нашите читатели како оваа опција е корисна за кредитокорисниците и кои сѐ ризици ги опфаќа?

Неизвесноста која ја носи иднината често влијае на сите нас при носење долгорочни и финансиски значајни одлуки. Во последно време, под влијание на сѐ подинамичното темпо на живот и на последиците од пандемијата, клиентите повеќе ги препознаваат бенефициите кои ги нуди животното осигурување како опција при аплицирање за станбен кредит. Комерцијална банка на клиентите им нуди можност за кредит со атрактивни каматни стапки и поволни услови и со вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Главната придобивка од полисата за осигурување е што обезбедува отплата на кредитот од страна на осигурителната компанија во случај на немил настан за кредитобарателот како последица на несреќен случај (незгода) или болест. Често при одобрување долгорочни кредити на повисоки износи, како што се станбените, една од најголемите грижи на кредитокорисниците е ризикот некој од најблиските да го наследи нивниот долг при несакани животни ситуации. Со вклученото животно осигурување, овој ризик го покрива полисата, а семејството не е дополнително оптоварено со преземање кредитни обврски.

Покрај кредитобарателот како прво осигурено лице, со полисата за животно осигурување постои можност да се осигура и второ лице, кое може да биде кокредитобарател или само член на потесното семејство. Со оглед дека месечните рати за станбен кредит често се повисоки и неретко се делат помеѓу членовите на семејството, вообичаено ги советуваме клиентите при носење на оваа важна одлука  да се осигура, пред сѐ, членот на семејството кој генерира најголем дел од приходите. На овој начин преку животното осигурување клиентите вложуваат во својата лична безбедност и сигурност на семејството.

Решавањето на станбеното прашање секако е еден од најголемите предизвици за секој човек и е прилично стресен проект. На кој начин Комерцијална банка им помага на граѓаните за полесно и поефикасно да го поминат целиот тој процес?

Во нашето општество, некако и традиционално е прифатен ставот дека  решавањето на станбеното прашање е една од најважните одлуки во животот на секој од нас. Тоа е еден вид долгорочна инвестиција, која навистина може да биде предизвик, особено за клиентите кои за прв пат купуваат сопствен дом. Многу прашања може да произлезат при носење на оваа важна одлука, почнувајќи од дилемата дали се одбрани вистинскиот стан и локација, дали документацијата за сопственост на имотот е уредна или дали купувањето стан во изградба е сигурна опција. Тука, покрај финансиската поддршка како примарна, нашата улога станува и советодавна. За секој заинтересиран клиент детално се разгледуваат сите опции кои се најоптимални за неговиот финансиски профил, а се констатираат и укажуваат и евентуалните ризици од одредена купопродажба. Голема предност за клиентите е можноста со станбен кредит да се финансира купување недвижен имот од градежните компании со кои Банката има склучено договори за деловна соработка. На тој начин, покрај опцијата за пониско сопствено учество, клиентите се стекнуваат и со одредена сигурност дека Банката ги штити нивните интереси и има целосен увид во исправноста на градежната документација и на репутацијата на градежната компанија.

Искрено им се радуваме на сите задоволни клиенти кои едноставно и безгрижно ќе го поминат процесот на финансирање со наша поддршка и ќе се стекнат со свој дом во кој ќе градат убави спомени. Би сакала да истакнам дека со сите погоре споменати услови се потрудивме да им понудиме на клиентите финансиско решение кое ќе им помогне навистина да ги почувствуваат радоста и задоволството од една од најважните инвестиции во нивниот живот.

Колкав е максималниот износ на станбен кредит кој може да се добие и од што зависи?

Максималниот износ на станбен кредит не е лимитиран во апсолутен износ, но главно е детерминиран од кредитната способност на кредитобарателите и проценетата вредност на обезбедувањето. На одлуката за утврдување конечен износ на кредит влијаат купопродажната цена на недвижниот имот, финансискиот капацитет на барателите, тенденцијата на задолжувања и кредитната историја.

Natasa Baljuk Ristovska - za otvoranje

Забележливо е дека кај потрошувачките кредити Банката нуди широка палета производи. Како може клиентот да направи најдобар избор на кредит за своите потреби и притоа да добие најдобри услови?

Изборот на потрошувачки кредит секогаш е детерминиран од преференциите и потреби на клиентите. Клиентите веќе имаат зголемена свесност кон задолжувањето и внимателно ги анализираат сите понудени можности за кредитирање. Нашите вработени се целосно подготвени да ги идентификуваат потребите на клиентите и да им го понудат најдоброто финансиско решение согласно нивните можности. Целта ни е, пред сѐ, одговорно кредитирање, без при тоа да се оптовари месечниот буџет и да се надминат трошоците за живот. Во зависност од приходите, висината на потребните средства и понуденото обезбедување, на клиентите им стојат на располагање повеќе видови ненаменски потрошувачки кредити. При изборот на најповолен кредит, клиентот треба да води сметка пред сѐ за своите финансиски можности и да се информира за сите услови и договорни клаузули во врска со бараниот кредитен производ. Условите на сите опции се транспарентно објавени и нашата веб страница kb.mk, со детални примери за конкретен износ на кредит со цел да се добие појасна слика за месечните обврски и вкупните трошоци. На тој начин, преку споредба, клиентите можат полесно да се информираат и да проценат кој производ е најдобар за нивните потреби.

Интересни производи се СМАРТ кредитот преку картичка и Инстант потрошувачкиот кредит за Ист Гејт Мол. Како се прифатени овие кредитни производи од страна на граѓаните?

СМАРТ кредитот веќе подолго време е присутен во палетата производи на Комерцијална банка и е добро препознатлив и одлично прифатен од клиентите кои преферираат флексибилно кредитирање и отплата. Производот нуди низа придобивки и е паметен избор на револвинг кредитен лимит, кој може без провизија и по потреба да се користи преку наменска картичка за подигање готовина од банкоматите на Комерцијална банка или со безготовински пренос на средствата на сопствена платежна сметка во Банката и нивно користење преку дебитна картичка.

Од друга страна, Инстант шопинг кредитот за East Gate Mall е новина воведена во соработка со трговскиот центар. Овој кредит на клиентите им нуди ново искуство и поголема слобода во шопингот на омилените брендови. Кредитот се одобрува директно на инфо пултот во East Gate Mall, во рамки на работното време на трговскиот центар, односно и за викенди и празници, што значи клиентот нема потреба да доаѓа во Банката. Целата постапка, од аплицирање за кредитот до исплата на средствата, се завршува за неколку минути со брза автоматизирана процедура. Средствата се исплаќаат на неперсонализирана картичка со ПИН заштита и може да се користат во повеќе наврати во рок од 15 дена за плаќање во продавниците низ молот кои имаат склучено договор со Банката. Имајќи предвид дека овој производ е релативно нов, нашите очекувања се дека поголем одзив ќе има кај помладите клиенти кои преферираат современ, брз и едноставен пристап до средства.

PORTA-3-STANBEN-KREDIT

Граѓаните кои се исправени пред предизвикот на купување нов дом, реновирање или други покрупни инвестиции изминатиот период се под дополнителен притисок поради зголемените каматни стапки. Кои се Вашите очекувања за натамошното движење на каматите? Кога може да се очекува нивно стабилизирање или евентуално надолен тренд?

Извесно е дека оваа година ќе биде во знакот на продолжената борба против инфлацијата и на затегнатата монетарна политика. Ако се анализираат движењата на референтните стапки на ЕЦБ и на НБРСМ и нивното постепено покачување во континуитет, предвидливо е дека каматните стапки ќе бидат во пораст и во наредниот период. Кога точно ќе има стабилизација е потешко да се прогнозира бидејќи врз тоа влијаат и други нефинансиски фактори. За надолен тренд на каматните стапки е рано да се има какви било очекувања, особено што сѐ уште силно се чувствуваат инфлаторните притисоци. Од друга страна, ако ги анализираме банките во регионот и пошироко, ќе видиме дека кредитните производи што ги нудат македонските банки за население и понатаму се со релативно пониски каматни стапки. На ова секако влијаат грижата за клиентите, високата ликвидност и стабилноста на банките.

Ние во Комерцијална банка внимателно ја креираме ценовната политика на кредитните производи и водиме сметка порастот да биде постепен и да нема значителен импакт врз кредитната способност на клиентите и капацитетот за редовно сервисирање на постојните кредити. Кредитите кои за одреден период нудат фиксни каматни стапки се најрезистентни на какви било измени во периодот додека се фиксни и се најсигурна и најбарана опција. На клиентите кои имаат уредна отплата, редовно им нудиме и можност за рефинансирање со поповолни услови, особено доколку користат променливи каматни стапки, врз кои притисокот e најизразен.

Што ново може да очекуваме од Комерцијална банка во наредниот период во однос на кредитните производи за населението?

Континуирано ги следиме пазарните трендови и настојуваме секогаш да понудиме инвентивни кредитни производи, кои ќе бидат атрактивни и лесно достапни. Трендот на дигитализација останува наш приоритет и несомнено наметнува потреба од развој на нови канали за дистрибуција и начини на обработка на кредитите.

Наскоро ќе понудиме можност за аплицирање и автоматизирано одобрување потрошувачки кредити преку Интернет банка на Комерцијална банка, со користење на дигитален идентитет, при што клиентите на брз и безбеден начин дигитално ќе ги потпишуваат сите потребни документи без да треба да доаѓаат во просториите на Банката.

Се подготвуваме и за нова транша од ГЕФФ програмата на ЕБОР за наменските кредити за енергетска ефикасност на домаќинствата, со можност за поврат до 20% од висината на инвестицијата. Од минатите искуства можам да кажам дека интересот за оваа кредитна линија е исклучително висок и укажува дека свесноста од придобивките на зелените технологии кај населението е во постојан пораст, што е навистина значаен факт.

Во зависност од динамиката со која ќе се движи кредитната активност, ќе продолжиме и понатаму да одржуваме конкурентна понуда на кредитни производи, која без исклучок ќе биде во насока на подобрување на условите и придобивките за клиентите.

*Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top