Насловна / Архитектура / Собранието на КОАИ усвои Тарифник на инженерски услуги

Собранието на КОАИ усвои Тарифник на инженерски услуги

На 27 октомври (сабота) Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ (КОАИ) одржа седница со следниот дневен ред:
1. Усвојување на записникот од седницата на Собранието на КОАИ од 24 февруари 2018 година
2. Верифицирање на мандат на нов член на Собрание на КОАИ од одделението на градежни инженери на местото на избраниот потпретседател на Комората
3. Донесување на Тарифник на инженерски услуги
4. Избор на претседавач на Собрание на КОАИ
5. Разно
Третата точка на дневниот ред е онаа која инженерите долго време ја очекуваа. Работата на инженерите со децении не се вреднува, а квалитетот на техничката проектна документација е на се пониско ниво. Одделението на архитекти при КОАИ е иницијатор, предлагач и изготвувач на Нацрт Тарифник на инженерски услуги во се врз основа на член 109 став 7 од Законот за градење. Работното тело формирано од одделението на архитекти работеше во состав Сашо Блажевски, Веселинка Герасимовска и Благојче Цветковски.

коаи
Тарифникот се однесува на минималниот надоместок за услугите на архитектите и инженерите во високоградбата. Изработен е врз основа на просечната цена на изградба на квадратен метар и вкупната инвестициона вредност на објектите согласно расположивите податоци од Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика на РМ. Објектите се поделени по класи на намени според Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Висината за минималниот надомест на инженерските услуги дадена е табеларно, прикажан е видот на пропектот и видот на инженерската услуга и изработка на техничката документација. По повеќемесечно работење Тарифникот беше презентиран, усогласен и прифатен од останатите одделенија за потоа да биде усвоен и од УО на Комората. На одржаното Собрание на кое од вкупниот број членови 75 беа присутни 61 член, Тарифникот беше изгласан со големо мнозинство, само шест члена од присутните беа против, а возджани немаше. Понатаму процедурата е Тарифникот да се проследи до Министерство за транспорт и врски каде треба да се разгледа и достават измени или забелешки за потоа како конечна верзија повторно да се усвои на Собрание на КОАИ. За конечно Тарифникот да стане составен дел од Законот за градење после сите овие процедури неопходно е да го изгласа Владата на РМ.
На оваа седница на Собрание се бираше и претседавач на Собрание. Мандатот на досегашниот претседавач проф. Д-р Миле Станковски е истечен пред повеќе месеци па на ова седница на Собрание беа предложени три кандидата за нов претседавач. Повторно проф. Д-р Миле Станковски, повторно Д-р Страхиња Трпевски и Ива Џагора. По три прегласувања беше избрана Ива Џагора, градежен инженер вработена во АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Материјали од седницата на Собранието на овој линк.

komoraoai-logo

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top