Насловна / Вести / Е – отпад, најбрзорастечки отпад

Е – отпад, најбрзорастечки отпад

Животниот век на електронските уреди станува пократок, а поправката поскапа или пак невозможна. Само во 2018 година, светот ќе генерира отпад еквивалентен на 5000 Ајфелови кули. Имено, луѓето позачестено ги фрлаат своите електронски уреди и ги заменуваат со нови, а голе дел од овој отпад завршува на нелегални одлагалишта, или пак незаконски се извезуваат во земјите во развој. Електронските производи може да испуштат хемикалии кои лесно доспеваат во почвата и водата во околината, па затоа овој отпад станува сериозна опасност по човековото здравје. Во САД електронскиот отпад учествува со дури 70% во опасниот отпад на одлагалиштата. Сепак, Eurobarometer покажува дека дури 77% од потрошувачите во ЕУ, попрво би го поправиле производот отколку да купуваат нов.  Европската канцеларија за заштита на животната средина предупредува дека електронскиот отпад е следниот голем  еколошки предизвик, а Комисијата им предлага на производителите да се посветат на поиздржливи производи кои можат да се рециклираат, да се поправаат, како и да се обезбедат резервни делови но и дијагностички алати во сервисните пунктови.

ewaste1

ewaste2

ewaste3

 

Испрати коментар

Scroll To Top