Насловна / Вести / Tркалезна маса „Поттикнување на дијалог во секторот водоснабдување и отпадни води“

Tркалезна маса „Поттикнување на дијалог во секторот водоснабдување и отпадни води“

На 30 октомври (вторник) 2018 година, АДКОМ-Асоцијација на даватели на комунални услуги на Р. Македонија организира тркалезна маса со сите заинтересирани страни, претставници од Јавните комунални претпријатија, министерствата, инспекторати, Регулаторната комисија, Швајцарска развојна агенција, Делегација на ЕУ во РМ, Германско друштво за меѓународна соработка на тема „Поттикнување на дијалог во секторот водоснабдување и отпадни води во Република Македонија преку евидентирање на клучните предизвици со кои се соочуваат засегнатите страни и препораки за нивно надминување“.

adkom-logo-sm
Секторот за водни услуги поминува низ реформски процес кој беше инициран со потребата да се усогласи националното законодаство со соодветните Директиви на ЕУ или пак од потребата за подобрување на ефиксасноста на работењето на Јавните комунални претпријатија (ЈКП) и обезбедување долгорочна, пред сè, техничка и финансиска одржливост на квалитетни услуги за корисниците.
Имајки предвид дека главната цел на овие реформи е да се обезбеди финансиски самоодржлив систем на водни услуги, кој обезбедува висок стандард на дадените услуги со пристапна цена, идните предизвици во секторот бараат вклучување и ефективна координација на голем број засегнати страни во државата. Ова уште повеќе ако се знае дека моменталната ситуација во секторот се одликува со слаби технички и финансиски перформанси и за подобрување на истите потребно е да се обезбедат соодветни човечки, технички и финансиски капацитети како на централно така и на локално ниво.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top