Насловна / Архитектура / Slow design – во чест на бавниот начин на живот

Slow design – во чест на бавниот начин на живот

Веројатно веќе се појави најзначајното дизајнерско движење за 2022 година, а тоа е трендот кој го слави бавниот начин на живот. Станува збор за т.н slow design. Трендот е одговор на индустријата на ентериерот на брзите промени во стилот. Подразбира создавање на згради и места кои поттикнуваат среќа и исполнетост. Предност за долговечноста и квалитетот наспроти брзината и количината, одржлив дизајн кој е создаден да трае, да се прилагодува и на крајот и да се менува. Ги слави квалитетните уметници и архитекти кои не брзаат во процесот на проектирање, а резултатот е уникатен.

slow1

slow2

Делува како противтежа на моделот на работа кој брзо се менува, преку пристапот „гради помалку, гради подобро“, со користење на природни материјали, внимателен избор на локацијата и детално планирање од самиот почеток. Инвестирањето во уникатни парчиња мебел по нарачка исто така се вклопува во овој концепт.

slow3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top