Насловна / Вести / Најголемиот дигитален фотоапарат на светот може да ја фотографира прашината на Месечината

Најголемиот дигитален фотоапарат на светот може да ја фотографира прашината на Месечината

Техничарите од лабораторијата SLAC National Accelerator Laboratory, ги привршуваат работите околу најголемиот дигитален фотоапарат на светот, кој ќе биде транспортиран во Чиле и поставен на телескопот на Андите. Овој проект е започнат пред неколку години, и иако не е во целост заршен, сите механички делови се веќе склопени.

lsst1

lssst2

LSST Camera е огромен дигитален фотоапарат, кој поседува  189 сензори способни да ја „фатата“ светлината која доаѓа од ѕвездите и другите објекти и да ја претвори во електрични сигнали, кои потоа се претвораат во дигитални фотографии. Големината на секој сензор е околу 16 милиметри и содржат повеќе пиксели од iPhone. Фотоапаратот има вкупно 3,2 гигапиксели и може да прави фотографии со доволно голема резолуција за да се видат честичките од прашина на Месечината. Со пречник од 1,57 метри, најголемата леќа на фотоапаратот е воедно и најголемата која било кога е направена.  LSST е астрономска опсерваторија која во моментот е во изградба во Чиле.

lsst3

lsst4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top