Насловна / Вести / Словенија: Идрија добива систем за складирање на електрична енергија

Словенија: Идрија добива систем за складирање на електрична енергија

Идрија меѓу првите градови во Словенија вградува батерии за складирање на електрична енергија на локално ниво, и со помош на систем за управување со јавната инфраструктура ќе постигне флексибилност во потрошувачката на електрична енергија. Овој град е вклучен во националниот проект NEDO, кој се реализира со јапонски партнери. Kolektor Sisteh монтира систем на батерии за складиштење на електрична енергија во една мала хидроцентрала во Идрија, во рамките на тригодишниот проект за паметни мрежи. Главни партнери се јапонската Организација за нова енергетика и развој на индустриска технологија  (NEDO), нејзиниот овластен изведувач Hitachi и словенечкиот електропреносен систем оператор ELES. Завршувањето на инсталирањето на опремата и нејзиното пуштање во работа се закажани за јуни, по што ќе следува шестмесечна пробна работа. Овие активности се дел од пошироката програма за претворање на Идрија во паметен град. Доколку дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија, напојувањето ќе продолжи за здравствениот дом, противпожарната и полициската станица, психијатриската болница и домот за стари лица. Проектот на демонстррање на паметни мрежи и паметни заедници, за кои исто така се користи акронимот  NEDO, е една од најголемите јапонски инвестиции во Словенија, вредна 35 милиони евра. Прво е спроведен во Марибор и Целје, кои се втор и трет град по големина во земјата. Љубљана и Идрија се во втората фаза.

idrija

idrija1

Системот за складиштење на енергија е хибриден – комбинирани се литиум-јонски и олово-киселински батерии со максимална оперативна моќност од 1MW. Компанијата ELES  минатата година го доби признанието  ISGAN Award of Excellence, токму за овој словенечко-јапонски проект.  Овој потфат ќе им овозможи на електроенергетскиот систем и локалната заедница да ги испробаат новите функции во областа на снабдување со електрична енергија и управувањето, воведени со помош на „чисти“ технологии. Во NEDO се вбројуваат дигиталните решенија во cloud, а опфаќа и потрошувачи од категоријата домаќинства. Интегрираниот систем за управување со дистрибуцијата  (DMS) придонесува за контрола на напонот. Проектот е замислен како модел за мали и средни компании за дистрибуција на електрична енергија.  Досега Словенија има инсталирано системи за складиштење на електрична енергија со вкупен капацитет поголем од 40MW.

idrija3

 

Испрати коментар

Scroll To Top