Насловна / Вести / Експерти од БиХ, Србија и Црна Гора започнаа со работа на „Барометарот на одржлива енергетска транзиција“

Експерти од БиХ, Србија и Црна Гора започнаа со работа на „Барометарот на одржлива енергетска транзиција“

Експерти од Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, започнаа со подготовка на „Барометарот на одржлива енергетска транзиција“ во рамките на проектот REPCONS 2.0. Целта на Барометарот е да овозможи следење на напредокот во спроведување на енеретската транзиција, проценка на подготвеноста во спроведувањето на енергетската транзиција и проценка на подготвеноста на државите да ја спроведат, но и да укаже на суштинските проблеми и да даде предлози за нејзино забрзување. Барометарот, според учесниците во проектот е неопходен, бидејќи земјите од регионот веќе се обврзаа да бидат климатски неутрални до 2050 година, а предвидените реформи, првенствено во секторот енергетика, не забележуваат некој прогрес.

repcons1

Барометарот на одржливата енергетска транзиција, во својата пилот фаза во текот на оваа година, ќе ја процени подготвеноста за транзиција на електроенергетскиот сектор на БиХ, Србија и Црна Гора. Во подготовката на Барометарот учествуваат околу 20 експерти во склоп на потесната група на проектот, и уште 80 стручњаци од регионот во рамките на пошироката група. Во склоп на подготовката на методологијата за Барометарот, веќе се идентификувани суштинските проблеми на енергетската транзиција во регионот, како и грешките во делувањето на Европската Комисија и Енергетската заедница.

repcons2

Инаку, REPCONS 2.0 е продолжение на проектот „Платформа за дијалог за регионалните политики во областа на обновливите извори на енергија  (Renewable Energy Policy Consensus – REPCONS), кој е успешно завршен минатата година. REPCONS 1.0 покажал дека регионот има стручњаци кои можат да ги дефинираат  моделите на енергетска транзиција и пратил порака до донесувачите на одлуки, стручната и пошироката јавност, дека доколку тие самите не ги дефинираат тие модели, тогаш тоа ќе го стори некој од страна, што нема да биде добро решение. Мотивот за изработка на Барометарот за одржлива енергетска транзиција е базиран на потребата да се развие алатка со која на систематски начин ќе се следи напредокот во реализација на енергетската транзиција и ќе ја проценува подготвеноста за нејзино спроведување кај клучните актери: државните институции, пазарните актери, академската и стручната заедница и јавноста. Барометарот во редовни интервали (на пример еднаш годишно) би го подготвувале и ажурирале локални експерти.

repcons3

Стручњаците од регионот во рамките на проектот REPCONS 2.0, идентификувале и (не)научени лекции од досегашното делување на Енергетската заедница и Европската комисија во промоција на енерегтските и климатските политики на ЕУ. Транспонирањето на EU acquis се поставува како предуслов за слободен пристап до ЕУ пазарите, па очекувањата се дека на тој начин ќе се привлечат многу потребните инвестиции во модернизација на секторот.  Непочитувањето на Директивата за големи ложишта  (LCPD) и ЕУ Директивата за индустриски емисии (IED) е последниот еклатантен пример за ваквата состојба. Доцнењето во функционалното раздвојување на електростопанствата, продолжување на праксата на давање државна помош на секторот на фосилни горива (посебно на рудниците на јаглен), како и невоспоставување на функционални и ликвидни пазари, им овозможува на државните електростопанства да го спречуваат влегувањето на конкуренција.

Испрати коментар

Scroll To Top