Насловна / Вести / Словачка планира изградба на нов нуклеарен реактор

Словачка планира изградба на нов нуклеарен реактор

Владата на Словачка го одобрила планот за изградба на уште еден нуклеарен реактор во земјата која во голема мера се потпира на оваа технологија за поизводство на електрична енергија. Новиот реактор со инсталирана моќност од 1.200 MW ќе се гради во нуклеарната електрана Јасловске Бохунице, каде националната енергетска компанија во моментот управува со два нуклеарни блока. На тендерот за изведба на реакторот ќе биде дозволено и учеството на рускиот гигант во оваа технологија, „Росатом“.

Словачка произведува над 50% од електричната енергија во двете постоечки нуклеарни електрани. Оваа одлука е само надоврзување на плановите за нови енергетски објекти од овој тип во средна Европа. Имено, Чешка планира изградба на четири нови блока, при што во конкуренција  за изведба на тие проекти се францускиот државен гигант EdF и корејската компанија KHNP. Полска склучила договор со американски Westinghouse за изградба на својата прва  нуклеарна електрана, додека во Унгарија, руски „Росатом“ ќе биде изведувач во изградбата на два нуклеарни реактори.

Испрати коментар

Scroll To Top