Насловна / Арт и дизајн / Слика на Мондријан повеќе од 75 години стои наопаку во музеите и галериите

Слика на Мондријан повеќе од 75 години стои наопаку во музеите и галериите

Сликата на холандскиот сликар Пит Мондријан закачувана е наопаку во бројни музеи и галерии каде што била излагана, повеќе од 75 години, откако била за првпат изложена. И покрај откритието, сликата Њујорк Сити 1, сепак и понатаму ќе биде наопаку за да се избегне оштетување.

Историчарката на уметност и кустос Сузан Мајер-Бузер забележала дека сликата Њујорк Сити 1 виси наопаку во галеријата на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија во Дизелдорф.

m1

За да биде целата ситуација уште почудна, сликата на Мондријан е таму уште од 1980 година, а била изложена и во други музеи и галерии, и никој не забележал дека е наопаку.

Делото е насликано во 1941 година, а во 1945 година за прв пат е изложено во престижниот музеј за модерна уметност во Њујорк.

„Погустиот распоред на лините би требало да биде горе, бидејќи тоа претставува темно небо. Кога им го кажав тоа на другите кустоси, сите сфативме дека е прилично очигледно. Апсолутно сме сигурни дека сликата е закачена наопаку“, изјави Мајер-Бузер.

Она што дополнително укажува дека кустоската е во право е фотографијата од студиото на Мондријан, направена неколку дена пред неговата смрт во 1944 година, на која јасно се гледа дека сликата е поставена така што нејзиниот горен дел е оној со згуснати линии.

m2

Можна причина за забуна е тоа што, за разлика од претходните дела на Мондријан, Њујорк Сити 1 не е потпишана, веројатно затоа што не ја сметал за завршена.

И покрај тоа што е наопаку, грешката нема да се корегира и ќе продолжи да стои како што е изложена веќе 75 години.

„Линиите на неа се веќе многу слаби и едвај се држат. Ако ја свртиме сликата на другата страна, гравитацијата ќе ги повлече во другата насока. Освен тоа, ова сега е дел од приказната на сликата“, вели Мајер-Бузер.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top