Насловна / Арт и дизајн / Скопски легални ѕидови

Скопски легални ѕидови

Скопје доби два легални ѕида/Legal Walls за слободно користење од уличните уметници

Тимот на Скопје 2028 – кандидат за Европска престолнина на културата на почетокот на 2021 година на предлог на улични уметници од градот покрена инцијативата за именување на првиот „Легален ѕид – Legal Wall” во Скопје.

з3_resize

Легален ѕид #1

Тргнувајќи од тоа дека уличната уметност, пред сѐ, пишувањето/цртањето графити во поголем дел од светот вклучувајќи и кај нас е нелегална, многу градови именуваат и креираат легални ѕидови со што им овозможуваат слободен и безбеден простор за креација и уметничко изразување на уличните уметници.

Што е легален ѕид?

Легален ѕид/Legal Wall е дефиниран ѕиден простор од поголем размер на одредена локација, кој е одобрен од страна на сопственикот или локална власт/јавната институција за слободно користење за уметничка креација (графити, мурали, тагови итн.). Како слободен простор за креација легалниот ѕид овозможува на секој заинтересиран уличен уметник да може да создава уметност без временско одредено или законско ограничување во контекст на поширока заедница на корисници на заедничкиот простор, во рамки на која освен што ќе се развива урбаната култура и ќе се разубавува дел од градот, ќе се овозможи и комуникација и размена на знаење помеѓу различни генерации уметници со различни професионални искуства. Ова е особено важно за младите улични уметници кои ќе имаат простор да ја развиваат својата креативност и способности за цртање.

лз1_resize

Легален ѕид #2

Постои и светска мапа на легални ѕидови, која овозможува како на домашни така и на странски уметници да имаат увид и можност за нивно користење. Градот Скопје ќе биде ставен на мапата на градови со легални ѕидови, што ќе бидат доволна провокација за самоорганизирани иницијативи и посети од странски уметници или нивни соработки со домашни уметници.

Градот Скопје ја прифати иницијативата и предлогот на тимот на СКОПЈЕ 2028 за именување на првиот „Легален ѕид – Legal Wall” во Скопје. Со тоа градот во рамки на кандидатурата за Европска престолнина на културата на уште една начин покажува дека ја подржува урбаната култура и уличната уметност и овозможува  разновиден културен израз на различни локации во градот.

з1_resize

Легален ѕид #1

Иницијативата се реализираше во неколку фази. Со цел професионално да пријдеме кон темата, тимот на СКОПЈЕ 2028 спроведе „Прашалник за скопската улична-уметност и потребата од легални ѕидови – Legal Walls” дистрибуиран до домашни улични уметниците. Прашалникот ни овозможи да добиеме информации за потребата од легален ѕид во Скопје, предлог локации, но запознавање со состојбите на сцената, начинот на нејзино функционирање, предизвиците со кои се соочуваат овие уметници и што недостасува, односно кои се потенцијалите за нејзин развој, генерално и во контекст на СКОПЈЕ2028.

Дополнително тимот на Скопје 2028 направи и анализа на „Законот за јавна чистота” со предлог промена во член 17.

лз01_resize

Легален ѕид #2

Сите предлози на локации на легален ѕид кои произлегоа од одговорите на прашалникот беа разгледани од страна на Градот Скопје и тимот на СКОПЈЕ 2028 со анализа на можноста за нивно користење во контекст на нивната правно-сопственичка структура, намена, безбедност и архитектура, од каде произлегоа 4 предлог локации за легален ѕид.  Истите повторно беа споделени со уличните уметници, од кои се избраа две локации кои ќе бидат назначени како првите два легални ѕида во Скопје.

Легален ѕид #1

Потпорниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов (Адолф Циборовски) (помеѓу 41°59’58.7″N 21°22’51.5″E и 42°00’00.2″N 21°22’45.9″E)

з2_resize

Легален ѕид #2

Ѕидовите од двете страни на булевар Гоце Делчев (под поранешна Стоковна куќа МОСТ) - (помеѓу 41°59’57.3″N 21°26’06.2″E и 41°59’57.1″N 21°26’08.5″E)

з4_resize

Мапа:

https://www.google.com/maps/d/u/0/edit?mid=1wl0baZguMuBNGlRo3sM37jt7m0DBeWlp&usp=sharing

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top